РКЕ ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година. Според неофицијалните информации нова цена на струјата ќе има од септември, а во предлогот стои  поскапувањето да изнесува  7,5 проценти. Сепак во текот на вчерашниот ден […]

Надградба на здравствената инфраструктура за справување со Ковид-19, активни 4.117 случаи


Подобар одговор на предизвикот со вирусот Ковид-19  треба да овозможи предлог проект за подобрување и надградување на здравствената инфраструктура за брз одговор и справување со Ковид-19, што е прелиминарно поддржан од Светската банка и којшто според ресорниот министер Венко Филипче може да се надополни. Во пресрет на есенскиот бран се зајакнуваат и капацитетите на Клиниката […]

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан бајрам


Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот […]

Топлотен бран, штетни ефекти, ризици, препораки за заштита…


Земјава денеска ќе биде во жолта и алертна фаза со температури што во одредени делови ќе достигнат 40 степени. Токму затоа, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат сите мерки за заштита од високите температури: да престојуваат во затворени простории, да внесуваат повеќе течности, но и да носат светла и лесна облека. Според препораките на Министерството […]

Офицерскиот дом во Битола се реконструира, го посети и Жбогар


Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и министерот за локална самоуправа Горан Милески денеска се запознаа со градежните активности за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, при што разговараа за идејните решенија за понатамошна функционална употреба на објектот. Како што соопштија од општината, градоначалничката Петровска […]

„Газета“: Меси ќе добие астрономска понуда од Интер


Италија– Интер е решен да го направи невозможното – тврди „Газета дело спорт“. Челниците на миланскиот клуб се подготвени да создадат услови за најголемиот трансфер на сите времиња и да му понудат на Лео Меси четиригодишен договор, според кој би заработил 260 милиони евра. Италијанскиот весник ја споредува оваа „операција“ со сензационалниот трансфер на Кристијано […]

Италијанскиот Сенат го укина парламентарниот имунитет на Салвини


Италија– Италијанскиот Сенат гласаше за укинување на парламентарниот имунитет на лидерот на екстремно десничарската партија Лига, Матео Салвини, со што се отвора патот за судска постапка поради случај на блокада на мигранти на море, додека тој беше член на владата. Судот во Палермо го обвини Салвини дека ги чувал мигрантите блокирани на брод во август 2019 […]

Официјално: УЕФА го исфрли Трабзонспор од Лигата на шампионите!


Франција – Турски Трабзонспор, кој заврши на второто место во локалната Супер лига, нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Клубот го загуби своето место во квалификациите на најкомерцијалниот фудбалски турнир, откако Арбитражниот суд за спорт (КАС) во Лозана ја потврди едногодишната казна изречена од УЕФА за кршење на правилата за фер-плеј. За Трабзонспор […]

EУ останува затворена за граѓаните на Македонија до крајот на август


Македонците до крајот на август нема да може да патуваат во земјите од Европската унија. Дипломатски извори од Брисел потврдиле дека амбасадорите на земјите членки одлучиле на новата ажурирана листа де нема измени за земјите чии граѓани ќе можат да патуваат во ЕУ за време на пандемијата со коронавирусот. На оваа листа нема ниту една […]

Во Демир Капија и Гевгелија измерени 40 степени, 39 во Скопје


Најтопло денеска беше во Демир Капија и Гевгелија каде максималната температура достигна 40 степени. Како што соопшти УХМР, по Демир Капија и Гевгелија следи Скопје-Зајчев Рид каде се измерени максимални 39 степени, во Скопје-Петровец, Штип и Струмица 38, во Тетово 37, Битола и Виница 36, Претор 35, Крива Паланка 34 и во Охрид се измерени […]

Пендаровски: Мандатот ќе му го дадам на оној што ќе ме увери дека има 61 пратеник


Претседателот Стево Пендаровски вели дека ќе го додели мандатот за формирање Влада на кој било претставник на која било од изборните листи што освоија пратеници во Собранието кој, како што вели, ќе го увери дека има мнозинство од 61 пратеник. -Уставната норма од членот 90 за доделување на мандатот е кристално јасна – мандатот го […]

Естрадните уметници ќе пеат на два метра од гостите во кафеаните


Комисијата за заразни болести прифатила да го разгледа барањето на Независната угостителска комора (НУК) и на Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) за укинување на забраната за организирање музички настани во угостителските објекти и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските објекти. НУК и ЗЕУМ очекуваат забраната да се укине уште утре. Нивни претставници, како […]

Во Сирија ќе се гради христијанска црква, копија на Света Софија во Истанбул


Сирија– Православна христијанска црква е предвидено да се изгради во реонот на сирискиот град Хама во која ќе се богослужи за христијани во државата и од странство, објави турскиот весник Сабах, кој се повикува на либански медиуми. Според нив, новата црква ќе биде копија на Света Софија во Истанбул, која пред неколку дена е претворена […]

Објавена програмата на 60. „Охридско лето“: Приоритет за македонските уметници


Во знакот на основоположникот на Охридско лето, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, ќе започне годинешново јубилејно 60-то издание на фестивалот Охридско лето. На 4-ти август ќе блесне сцената на Античкиот театар со концертот на арии насловен како ,,Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“  во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио […]

Коронавирусот влезе во уште една штипска конфекција


Ковид-19 влезе во уште една штипска конфекција, денеска е регистриран еден случај во новата фабрика. Директорката на Центар за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека според нивните анализи од почетокот на пандемијата, па досега вирусот има влезено во вкупно 19 текстилни конфекции. Според пристигнатите резултати од тестирањето се очекува денеска бројката на нозаразени да биде […]

Анкета: Секој втор гласач на избори не би гласал за политичар со религија различна од својата


Секој втор гласач на изборите во Република Северна Македонија не би гласал за политичар кој е верски различен од себе, но секој трет гласач нема таков проблем. Граѓаните се против користењето на религија и религиозни симболи во политичка кампања. Ова се дел од генералните заклучоци од последното истражување на Институтот за политички истражувања – Скопје […]

Безбедниот туризам може да стане нов стандард


Туристичките знаменитости може и треба да се уживаат, но мерките и протоколите мора да се почитуваат за да се надмине КОВИД пандемијата, е заклучокот од средбата на туристичкиот сектор во земјава со претставниците на ОН. На вчерашниот онлајн состанок беше оценето дека туризмот има голема улога во актуелната ситуација. Според учесниците, можно е во вакви […]

Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ во кома , имал тешка сообраќајка во Србија


Србија – Некогашниот предводник на екс-ју групата „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ (65) се здобил со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа во областа Равна Гора во централна Србија. Од јачината на судирот, пејачот, кој управувал со автомобилот, излетал од своето возило. Тој моментно се наоѓа во кома. „Нови фосили“ е југословенска група основана во 1969 годиа. По […]

Во сабота локална облачност и пороен дожд, од недела заладување


Времето утре ќе се задржи сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР. Во сабота ќе има зголемена облачност и развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за пет […]

Најголем број од заразените кои се враќаат во Германија се од Косово


Косово– Амбасадата на Република Косово во Берлин соопшти дека, според податоците кои ги објави Институтот „Роберт Кох“, најголемиот број од заразените со Ковид-19, кои влегуваат во Германија се лица кои се враќаат од Косово. Во објава на својата страница на Фејсбук, косовското дипломатско претставништво во Германија ги повикува косовските граѓани, кои се со престој во […]