Пенс лани во ноември бил во готовност да ја преземе главната команда во САД, тврди новинар на „Њујорк Тајмс“

САД – Американскиот потпретседаел Мајк Пенс лани во ноември бил ставен во готовност да презеде главна команда во случај на лоша здравствената состојба на претседателот Доналд Трамп

Ова се наведува во новата книга на новинарот на Њујорк тајмс, Мајкл Шмит, јави денеска Си-ен-ен. 

Шмит не открива извори од каде дознал за тоа дека Пенс бил ставен во готовност. 

Американскиот претседател бил ненајавено прегледан во клиничкиот центар „Валтер Рид“ во Вашингтон во ноември 2019 година поради, наводно „мини мозочен удар“, јавија вчера некои медиуми. 

Претседателот Трамп и неговиот доктор потврдија дека ненајаваната посета на болницата не била поради мини удар. 

-Немаше никаква евалуација за било какви удари, мини удари или кардиоваскуларни итни случаи, изјави денеска д-р Шон Конли, личниот лекар на претседателот Трамп.  

Според експертите ако е дијагностициран „мини мозочен удар“ веројатноста за срцев удар заснован на кардивасклуарни забилувања е огромна. Од Белата куќа уверија дека двете посети на Трамп на болницата лани во ноемви и декември биле „за да се потврди добрата здравствена состојба на претседателот пред очекувано стресната 2020 година“.