Нови 145 заразени од направени 1.772 тестирања, двајца починати и 216 оздравени


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на Ковид-19, починати се двајца пациенти, а оздравени 216.

Од новозаразентите во Скопје има 32, Куманово – 15, Дебар – 5, Штип – 8, Прилеп – 8, Тетово – 9, Струга – 4, Велес – 2, Битола – 4, Охрид – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 12, Гевгелија – 1, Струмица – 5, Крива Паланка – 2, Кочани – 3, Пробиштип – 2, Пехчево – 5, Берово – 1, Виница – 2, Делчево – 8, Свети Николе – 4, Кичево – 6 и Неготино – 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациенти: Скопје – 55, Куманово – 31, Дебар – 4, Штип – 10, Прилеп – 4, Тетово – 14, Струга – 10, Велес – 2, Битола – 5, Кавадарци – 6, Гостивар – 39, Гевгелија – 1, Струмица – 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 4, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 4, Македонски Брод – 2, Берово – 2, Виница – 3, Делчево – 3, Свети Николе – 4, Кичево – 10.

Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67) и Струга (48).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.600, бројката на оздравени пациенти е 11.741, на починати е 606, а  бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.253. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5.967, активни 757

• Куманово 1.498, активни 300

• Дебар 257, активни 56

• Штип 1.156, активни 114

• Прилеп 486, активни 125

• Тетово 1.223, активни 114

• Струга 579, активни 57

• Велес 272, активни 29

• Битола 211, активни 36

• Охрид 345, активни 39

• Кавадарци 184, активни 52

• Гостивар 805, активни 174

• Гевгелија 53, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 70, активни 19

• Крива Паланка 50, активни 14

• Радовиш 43, активни 6

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 149, активни 23

• Пробиштип 84, активни 15

• Демир Хисар 60, активни 10

• Македонски Брод 72, активни 12

• Пехчево 24, активни 18

• Берово 61, активни 50

• Валандово 9, активни 2

• Виница 76, активни 35

• Делчево 69, активни 57 (16 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 19, активни 3

• Свети Николе 294, активни 46

• Кичево 275, активни 49

• Ресен 146, активни 0

• Неготино 46, активни 12 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1772 теста се преку: ИЈЗ – 506, ЦЈЗ Скопје – 17, „Авицена“ – 287,  „Биотек“ – 203, МАНУ – 74, „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 272, „Систина“ со PCR метод  – 245, лабораторија „Лаор“ –59, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 94, Инфективна клиника – 4, ГАК – 11, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 151.706 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 4 позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 94

• Гази Баба – 87

• Аеродром – 94

• Карпош – 81

• Центар – 83

• Кисела Вода – 91

• Ѓорче Петров – 44

• Бутел – 53

• Шуто Оризари – 29

• Студеничани – 26

• Сарај – 22

• Арачиново – 13

• Илинден – 12

• Сопиште – 6

• Чучер Сандево – 3

• Петровец – 8

• Зелениково – 2

• Странец – 9