Јубилеен концерт во Скопје: Хитовите на Бајага со хор и оркестар


Момчило Бајагиќ – Бајага беше во Скопје како најава за големиот концерт што ќе се одржи на 13 септември на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје, во организација на „Авалон“.

Овој концерт со кој групата одбележува 35 години успешна музичка кариера ќе биде посебно доживување за сите што ќе присуствуваат, бидејќи за првпат 22 песни на групата ќе бидат изведени придружувани од хор и оркестар, под диригентскста палка на маестро Војкан Борисављевиќ.

– Ова ќе биде прв концерт на групата по почетокот на пандмијата. Наш план беше овој концерт да го одржиме многу порано, и тоа во затворен простор, но со оглед на околнистите со коцнертот под ведро небо избравме најбезбедна варијанта за сегашните услови. Инаку направивме избор од 22 наши големи хиотови што ќе ги изведеме, односно песните ги избиравме и според тоа како ќе звучат со оркестар. Меѓу другите ќе ги исполниме: „Буѓење раног пролеќа“, „Зажмури“, „Руски воз“, „Откад тебе волим“…, а ќе ја слушнете и „За моје другове“, која во нов аражман звучи многу поинаку од оригиналот. Интересно е што ќе се измешаат енергиите, нашата и онаа на овдешните хористи и музичари, а тоа ветува едно навистина посебно доживување, изјави Бајага на вчерашната прес конференција во Скопје.

Тој дополни дека маестро Војкан Борисављевиќ, кој е автор на повеќето аранжмани, ќе направи две проби, со оркестарот, а потоа и со Инструкторите.

– Планираме да издадеме дивиди од серијата концерти со оркестрите во регионот, по повод нашиот 35-годишен јубилеј. Искрено јас сум фасциниран од звукот на песните и едвај чекам да видам како ќе и се допаднат на македонската публика, која е исклучително музикална – изјави познатиот балкански музичар, кој со својот бенд е чест гостин во Македонија.

Во продажба се пуштени 4.000 карти за стадионот на АРМ кој има капацитет од 15.000 посетители. Концертот ќе трае три часа, а носењето на задолжителни маски ќе биде задолжтелно за сите, согласно протоколите за одржување јавни настани.