Сончево со мала облачност, температурата до 34 степени


Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.