Двejн Џонсон прележал Ковид-19


САД– Американскиот глумец Двејн Џонсон – „Карпата“ (The Rock), најбогатиот актер според Форбс, на Инстаграм објави дека тој и неговото семејство оздравеле од зараза со коронавирус.

„Мојата сопруга Лорен, двете ќерки и јас добивме позитивни тестови за Ковид-19. Можам да ви кажам дека ова беше едно од најтешките нешта коишто сме ги преживеале како семејство”, напиша глумецот.

Актерот притоа нагласи дека сега тој и семејството се добро.

Следниот филм во којшто обожавателите ќе може да го погледнат Двејн Џонсон, е „Авантура во џунглата“ (’Jungle Cruise’, 2021 година).