Столтенберг: Турција и Грција се договорија да почнат преговори за Источен Медитеран


Белгија – Турција и Грција се договорија да почнат преговори во рамките на НАТО за надминување на ситуацијата во Средоземно море, се наведува во соопштението на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, што попладнево беше лиферувано во Брисел.

„По моите разговори со грчкиот и турскиот лидер, и двајцта сојузници се согласија да почнат технички преговори во НАТО со цел да се создадат механизми за надминување на воените конфликти и за намалување на ризикот од инциденти во Источниот Медитеран”, се наведува во соопштението.

Веднаш по него, меѓутоа, Грција демантираше дека е постигата согласност за преговори со Турција во рамките на НАТО, пренесе грчкиот сајт „Keep Talking Greece“.