Сега сака да ги извади како мајка: Криси Тајген откри дека ставала силиконски гради на 20 години


САД- Криси Тaјген, кралица на сите нешта и сопруга на поп-ѕвездата Џон Леџенд, , откри нешто за што никогаш не прозборела: зголемување на градите. Супермоделот и авторката за готвачи на „Милувања“, која е ѕвездата од насловницата на англискиот „Гламур“за пролет / лето 2020“ , во интервју откри зошто отиде под нож – и зошто можеби …

Сега сака да ги извади како мајка: Криси Тајген откри дека ставала силиконски гради на 20 години Read More »

На 48 часа затворени училишта, театри, кина, музеи во три грчки региони поради коронавирусот


Грција– Со сериозна пневмонија, но во стабилна состојба се лекува во грчкиот град Патра, лицето заразено со новиот коронавирус, последниот потврден случај во Грција, а паралелно Министерството за здравство донесе вонредни превентивни мерки во три региони, за да се избегне локално пренесување на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Професорот Сотирис Циодрас кој е …

На 48 часа затворени училишта, театри, кина, музеи во три грчки региони поради коронавирусот Read More »

Сведоци на денешното рочиште за „Титаник”


Судскиот предмет „Титаник”, денеска продолжуваа во Кривичниот суд во Скопје. Минатото рочиште за овој предмет се одложи заради отсуство на обвинетиот Кирил Божиновски. Овој случај е во фаза на презентација на сведоци, односно на денешното рочиште треба да се сослушаат повеќе сведоци. Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а …

Сведоци на денешното рочиште за „Титаник” Read More »

Претседателот на Уставниот суд ќе се сретне со амбасадорот на Холандија


Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денеска ќе одржи средба со амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп. Од назначувањето за претседател на Уставниот суд, Мурати досега се сретна со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, со евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и со амбасадорите на Франција, Германија, Турција, …

Претседателот на Уставниот суд ќе се сретне со амбасадорот на Холандија Read More »

Променливо облачно со повремен дожд и ветер


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Демир Капија и Крива Паланка 34 литри на метар квадратен, во Штип 26 и во Гевгелија 22 литра. Дуваше и умерен ветер од северен правец. Утрово врнежите на повеќето места престанаа. Слаби врнежи од снег има во Крива Паланка и Крушево, а во Маврово има појава на магла …

Променливо облачно со повремен дожд и ветер Read More »

Бројот на починати од Ковид-19 во Кина надмина 3.000, во Италија повеќе од 3.000 заразени


Кина – Бројот на починати од новиот коронавирус во континентална Кина надмина 3.000, откако властите денеска соопштија за нови 31 смртен случај. Најмалку 3.012 лица досега починале од коронавирусот во Кина, без Хонг Конг и Макао. Повеќето од смртните случаи, вкупно 2.305, се регистрирани во Вухан, главен град на централната провинција Хубеи. Во последните 24 часа …

Бројот на починати од Ковид-19 во Кина надмина 3.000, во Италија повеќе од 3.000 заразени Read More »

Ново рочиште за „Ласкарци”


Одбраната на обвинетите за случајот „Ласкарци”, на денешното рочиште ќе има можност да постави прашања на градежниот вештак. Обвинителот кој го застапува обвинението за овој предмет Дарко Јакимовски, за МИА објаснува дека ако се успее да се заврши сослушувањето на вештакот, обвинителството ќе продолжи со презентација на материјални докази. Судењето за овој предмет го води …

Ново рочиште за „Ласкарци” Read More »

Велика Британија е најголем купувач на руско злато


Русија– Според царинските податоци, во 2019 година Русија го продала речиси целото злато наменето за извоз на Велика Британија, објави „Москва тајмс“. Царинските податоци покажуваат дека Велика Британија минатата година купила злато вредно 5,33 милијарди американски долари од Русија, или 93 проценти од извозот на Русија. Русија извезла злато во вредност од 5,74 милијарди долари …

Велика Британија е најголем купувач на руско злато Read More »

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба поради Ковид-19


САД– Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом прогласи вонредна состојба поради коронавирусот во државата, каде досега има 53 потврдени случаи. Тој прогласи вонредна состојба откако локалните власти ја објавија првата жртва од коронавирусот во Калифорнија. Починало постаро лице со здравствени проблеми. Тоа беше првиот смртен случај во САД вон државата Вашингтон, каде починаа десет лица. Нови …

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба поради Ковид-19 Read More »

Почина поранешниот генерален секретар на ОН, Перез де Куељар


Перу- Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Хавиер Перез де Куељар почина на 100-годишна возраст, соопшти ОН. Перуанскиот политичар беше генерален секретар на ОН два мандата, од 1982 до 1991 година. Тој одигра клучна улога во завршувањето на војната меѓу Иран и Ирак, ослободувањето на американските заложници и постигнувањето мировен договор меѓу Камбоџа и Ел …

Почина поранешниот генерален секретар на ОН, Перез де Куељар Read More »

Модната куќа „Жан Пол-Готје“ ќе именува дизајнер за секоја нова колекција


Франција- Француската модна куќа „Жан Пол-Готје“ денес соопшти дека ќе именува нов дизајнер за секоја своја сезонска колекција на висока мода, откако нејзиниот основач-славниот дизајнер Готје се збогува од модните писти во јануари. Од брендот велат дека јапонската дизајнерка Chitose Abe, основач на марката Сакаи, ќе биде првиот дизајнер што ќе учествува во новиот концепт. …

Модната куќа „Жан Пол-Готје“ ќе именува дизајнер за секоја нова колекција Read More »

Нашите фудбалери од Италија ќе пополнуваат прашалник за коронавирус


Нашите фудбалери кога ќе доаѓаат од Италија во Скопје за натпреварот Северна Македонија – Косово, ќе треба да потполнат здравствен локатор – карта за коронавирусот, како и останатите лица кои доаѓаат од критичните региони, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. – Сите патници кои пристигнуваат во нашата земја …

Нашите фудбалери од Италија ќе пополнуваат прашалник за коронавирус Read More »

Почина познатиот тон снимател од МРТВ Варнава Андреевски – Бакли


На 80 годишна возраст во Скопје по кратко боледување почина познатиот тон снимател од МРТ Варнава Андреески – Бакли. Андреески 43 години работен век ги помина токму во јавниот сервис непосредно до камерите на терен и во телевизиските студија. Тој беше единствен жив сведок од техничкиот оддел на МРТ кој ја формираше некогашната ТВ Скопје …

Почина познатиот тон снимател од МРТВ Варнава Андреевски – Бакли Read More »

Бакингамската палата на штрек: Кралицата Елизабета со ракавици делеше ордени


Англија- Кралицата Елизабета носеше ракавици за време на свечената церемонија на доделување на ордени во Бакингамската палата, во услови на закана од Ковид-19. Церемонијата претпочита ракување со секој добитник на почеста. „Ова е прв пат , во 30 години, откако известувам за кралското семејство,Нејзиното Височество да носи ракавици на ваква церемонија, “ изјави соработникот на …

Бакингамската палата на штрек: Кралицата Елизабета со ракавици делеше ордени Read More »

Филипче: Патниците на „Визер“ од Милано и Венеција ќе пополнуваат формулар при влез во земјава


Патниците со авионите на „Визер“од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен  лопкатор – карта што е уште еден чекор во превенирањето и регистрирањето на евентуално заболени од коронавирусот кои доаѓаат во државава. – Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки …

Филипче: Патниците на „Визер“ од Милано и Венеција ќе пополнуваат формулар при влез во земјава Read More »

Кларенс хаус: Камила нема да биде кралица кога принц Чарлс ќе биде крал


Англија- Како наследник на престолот, принцот Чарлс (71), принцот од Велс чекаше повеќе од 50 години, бидејќи неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, продолжува да седи како најдолговечен, жив суверен. Кога на крајот станува крал, можеме да очекуваме дека неговата сопруга Камила (72), Војвотката од Корнвол ќе биде до него, иако таа веројатно ќе добие нова …

Кларенс хаус: Камила нема да биде кралица кога принц Чарлс ќе биде крал Read More »

Професијата не ни дава за право да се чувствуваме посебни: Искрено интервју со Тања Вујисиќ-Тодоровска


На сцена примабалерина, цел живот – дама. Врвната балетска уметница Тања Вујисиќ-Тодоровска (58) би можеле да ја опишеме и со зборовите талент, искреност, страст, живот, емоција, душа, совршенство, харизма, грациозност, авторитет, женственост, оптимизам, љубов, насмевка, успех, слобода,  сонце, море, книги, … Омилен лик од културните настани, облечена во минималистички стил, претежно во црно, и со …

Професијата не ни дава за право да се чувствуваме посебни: Искрено интервју со Тања Вујисиќ-Тодоровска Read More »

По позитивниот Извештај на ЕК, политичките лидери очекуваат почеток на преговорите за членство


Извештајот на Европската комисија, објавен во понеделникот, во кој се даваат позитивни оценки за напредокот на земјава и одново се препорачува отпочнување на преговорите за членство, го зајакна оптимизмот кај домашните политичари и кај странските дипломати дека Европскиот совет ќе донесе одлука за старт на преговарачкиот процес. Премиерот Оливер Спасовски оцени дека Извештајот на Европската …

По позитивниот Извештај на ЕК, политичките лидери очекуваат почеток на преговорите за членство Read More »

Потврден осмиот случај на коронавирус во Грција


Грција- Маж од Солун, кој имал близок контакт со веќе заразена жена со новиот коронавирус, е осмиот потврден случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти претставникот на грчкото Министерство за здравство, професорот Сотирис Циодрас, задолжен за следење на состојбата со коронавирусот, мажот е во изолација, во болница во …

Потврден осмиот случај на коронавирус во Грција Read More »

Кери Бредшо тука ќе купуваше: Сара Џесика Паркер отвора продавница за чевли


САД- Славната актерка од „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер не можеше да замисли посовршен дом за новата продавница за следбениците на нејзиниот бренд за чевли. Следниот месец, Паркер ќе се исели од сегашната поп-ап продавница во долниот дел на Менхетен, и ќе ја завземе луксузната локација, која порано беше бутикот на кралот на чевлите …

Кери Бредшо тука ќе купуваше: Сара Џесика Паркер отвора продавница за чевли Read More »