Сега сака да ги извади како мајка: Криси Тајген откри дека ставала силиконски гради на 20 години


САД- Криси Тaјген, кралица на сите нешта и сопруга на поп-ѕвездата Џон Леџенд, , откри нешто за што никогаш не прозборела: зголемување на градите.

Супермоделот и авторката за готвачи на „Милувања“, која е ѕвездата од насловницата на англискиот „Гламур“за пролет / лето 2020“ , во интервју откри зошто отиде под нож – и зошто можеби се двоумеше повторно да помине слична постапка.

„Да, јас ставав силиконски гради кога имав околу 20 години“, рече Тејген. „Повеќе беше нешто за костим за капење. Мислев, ако сакам да позирам, треба да имам убави гради! Но, кога ќе се породите и имате бебиња и тие се полнат со млеко, нивниот облик се деформира и сега ме замараат “.

Тајген рече дека не се оперирала само заради големината туку да бидат и поцврсти“.

„Мислам дека треба да ги заменувате [имплантантите] на секои десет години. Но, кога имате деца, размислувате за [ризиците] на операцијата и мислам, „Ова не е начинот на кој сакам да умрам, во тек на операција на гради“. “