Модната куќа „Жан Пол-Готје“ ќе именува дизајнер за секоја нова колекција


Готје на последната модна ревија годинава во Париз

Франција- Француската модна куќа „Жан Пол-Готје“ денес соопшти дека ќе именува нов дизајнер за секоја своја сезонска колекција на висока мода, откако нејзиниот основач-славниот дизајнер Готје се збогува од модните писти во јануари.

Од брендот велат дека јапонската дизајнерка Chitose Abe, основач на марката Сакаи, ќе биде првиот дизајнер што ќе учествува во новиот концепт.

“(Chitose Abe) ќе ја претстави следната колекција во јули 2020 година“, се вели во соопштението на модната куќа.

„Идејата на различни дизајнери да толкуваат еден бренд со колекции висока мода ми дојде во деведесеттите години“, изјави 67-годишниот Готје.

Брендот „Жан Пол-Готје“  е во сопственост на шпанската компанија Puig.