Кларенс хаус: Камила нема да биде кралица кога принц Чарлс ќе биде крал


Англија- Како наследник на престолот, принцот Чарлс (71), принцот од Велс чекаше повеќе од 50 години, бидејќи неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, продолжува да седи како најдолговечен, жив суверен. Кога на крајот станува крал, можеме да очекуваме дека неговата сопруга Камила (72), Војвотката од Корнвол ќе биде до него, иако таа веројатно ќе добие нова титула.

Родена Камила Шанд, а подоцна позната како Камила Паркер-Боулс по нејзиниот брак со екссопруотг Ендрју Паркер-Боулс, идната Princess Consort (сопруга на монарх) се омажи со принцот Чарлс на 9 април 2005 година. По венчавката, ѝ беше доделена кралската титула -Војвотка од Корнвол (Војвода од Корнвол е една од титулите на Чарлс).

Технички, како сопруга на принцот од Велс, титулата Камила би била принцезата од Велс, но таа беше позната како војвотката од Корнвол затоа што покојната принцеза Дајана беше толку позната како принцезата од Велс кога беше во брак со Чарлс. (Војвотката од Корнвол исто така беше една од кралските титули на Дијана кога беше во брак со него.)

Но, кога Чарлс станува крал, како ќе се смени титулата на Камила?

Камила се очекува да стане Princess Consort (сопруга на монарх) .

Пред двојката да се венча на граѓанска церемонија во Виндзор Гилдал, Кларенс Хаус објави: „Наменето е дека г-ѓа Паркер Боулс треба да ја користи титулата HRH The Consort Consort кога Принцот од Велс ќе се приклучи на престолот“. Како и да е, вообичаената титула за сопруга на владеечкиот крал е, всушност, кралица. Во тоа време, оваа титула е промовирана како „нова титула креирана токму за Камила, затоа што крунисувањето со неа како кралица, кралското семејство ќе има проблеми со односите со јавност“.

Иако низ годините се појави одредена забуна околу тоа дали тоа ќе остане идна титула на Камила, Кларенс Хаус ја потврди во изјавата во март 2020 година.

„Намерата е војвотката да биде позната како Princess Consort кога принцот ќе се придружи на престолот“, изјави за „Тајмс“ портпаролот на кралската двојка. „Ова беше објавено за време на бракот и апсолутно нема промена“.