Рекордни 934 нови случаи на Ковид-19, починати 5 лица


Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 420 -Куманово 35 -Дебар 5 -Штип 20 -Прилеп 61 -Тетово 58 -Струга 5 -Велес 82 -Битола 33 -Охрид 23 -Кавадарци 19 -Гостивар 18 -Гевгелија 13 -Струмица 30 -Крива Паланка 4 -Радовиш 7 -Крушево 2 -Кочани 22 -Пробиштип […]

Наќе Чулев позитивен на коронавирус


Поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека е позитивен на Ковид-19. „Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид 19. За жал и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден. Во […]

Во време на Трамп милијардерите во САД побогати за еден билион


САД – Пред четири години во САД беше избран прв милијардер за претседател. Сега речиси 200-те најбогати луѓе во земјата, кои сочинуваат само 0,00006 проценти од населението, го зголемија своето вкупно богатство за една илјада милијарди долари, јави Блумберг. Силите, кои концентрираа толку многу богатство во рацете на толку малку луѓе, дејствуваа пред неочекуваната победа на […]

Космо не е само списание, сега е и квалитетно вино


САД– Откако лансираше парфем и линија за мебел, списанието „Космополитан“ во сопственост на Херст продолжува да ги шири своите бизниси надвор од издавачкиот сектор  и влегува на пазарот на вино. Uncorked by Cosmo започнува партнерство со Напа, Калифорнија, лозови насади Гварачи со четири сорти – роза, шардоне, пино-ноар и каберне совињон. Секое шише има цена […]

Ексмис на САД почина на 49 години по повреда на главата


САД-Леанза Корнет, поранешна Мис на Америка, почина од повреда на мозокот, соопшти организацијата Мис на Америка. Имаше  49 години. Портпарол на организацијата „Мис Америка“ во е-пошта до NBC News потврди дека Корнет починал од компликации поврзани со повреда на мозокот здобиена при „лизгање и паѓање дома“. По освојувањето на Мис на Америка во 1993 година, […]

Никола Ристановски наградата од Општина Карпош ја посвети на здравствените работници


Секогаш постојат херои кои никогаш нема да ги дознаеме. Тоа се хероите од болниците! Со целиот мој габарит и искуство, моето признание за заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2019 година, го посветувам на сите здравствени работници во земјата. На оние кои се на фронтот во борбата против вирусот Ковид-19, истакна актерот Никола Ристановски при […]

Легендарна зграда во Сан Франциско продадена за 650 милиони долари


САД (АП) – Трансамерика пирамидата, една од најпознатите иконски згради во Сан Франциско, е продадена за 650 милиони долари, осум месеци по постигнувањето договор за продажба. Инвеститорот од Њујорк Мајкл Шво, Дојче финансис Америка и други инвеститори ја купија зградата од Егон, сопственик на истоимената осигурителна компанија Трансамерика Корп, објави во средата Сан Франциско хроника. […]

Профитот на „Амазон“ зголемен за 197 отсто во последното тримесечие


САД – Продажбата и профитот на Амазон значително се зголемија во последниот квартал бидејќи потрошувачите се потпираат на онлајн гигантот во пандемија, јави Си-Ен-Ен Бизнис. Амазон соопшти дека за три месеци – до 30 септември, приходите од продажба се зголемиле за 37 отсто од претходната година на 96,1 милијарди долари, а профитот пораснал за 197 отсто […]

Брисел го суди Париз заради загадениот воздух


Белгија– Европската комисија ја тужи Франција за непреземање мерки против загадување на воздухот, пренесува „Политико“. Комисијата се обратила до Европскиот суд на правдата затоа што Париз не успеал да ги заштити своите граѓани од лош квалитет на воздухот. Комисијата објаснува дека Франција не ги почитувала дневните гранични вредности за ситни честички во воздухот  во поголемиот […]

Стефоска во Курбиново, Љубојно и кај споменикот од НОБ во Отешево


Денеска, министерката за култура Ирена Стефоска изврши увид во тековните активности на неколку значајни културни добра во Преспанскиот регион. Посетата ја започна со црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново каде е започната првата фаза од непосредната заштитата на архитектурата на ова непроценливо културно наследство од 12 век. Како што информираше директорката на НУ Завод за заштита […]

Изложбата на илустрации на Кондовски продолжена до 15 ноември


Првата изложба на илустрации на ликовниот уметник Димитар Кондовски, што беше отворена на 14 октомври годинава во „Мала станица“ во Скопје, поради големата заинтересираност ќе се продолжи уште две недели, и ќе биде отворена до 15 ноември. Изложбата е отворена во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрации „Литера“. -Изложбата беше […]

Трамп со 10 ѕвезди ќе ја подига свеста за Ковид, на 264 им забрани зашто го критикувале


САД-Администрацијата на Трамп им забрани на 264 славни личности да се појават во рекламна кампања за подигање на свеста за короновирус и одобри само десет, бидејќи sвезди како Џенифер Лопез, Џони Деп, Били Ајлиш и Кристина Агилера го критикувале претседателот. Администрацијата на Трамп неодамна ја одобри рекламната кампања во износ од 250 милиони долари со […]

Скарлет Јохансон се омажи по третпат


САД – Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон се омажи по третпат, и тоа за глумецот Колин Џост. Венчавката минала само како интимна свеченост за време на викендот, а веста јавноста ја дозна вчера. Џост (38), инаку, е сценарист за светски познатото „Шоу во сабота навечер“. Најскапо платената актерка од минатата година, ѕвездата на „Црната вдовица“ на Марвел, […]

Почина поранешниот турски премиер Месут Јилмаз


Турција – Поранешниот премиер на Турција, Месут Јилмаз почина на 73-годишна возраст. Со години боледуваше од рак на белите дробови. Годинава му беше извршена операција на мозокот. Јилмаз беше член на партијата Матица (АНАП) од 1991 до 2002 година, а во текот на 90-тите години трипати беше биран за премиер, но неговите два мандата траеја […]

Во следните денови претежно сончево, утринските температури во опаѓање


УХМР најавува дека во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Во недела минималната температура наместа ќе достигне до 0, додека во […]

Франција се затвора поради Ковид-19, нема влез во земјата


Франција – Според новите мерки за карантин, кои од денеска стапуваат во сила и ќе траат до 1 декември, границите на Франција ќе бидат затворени за сите земји кои не се членки на ЕУ. Францускиот премиер Жан Кастекс, објаснувајќи ги новите мерки, истакна дека граѓаните ќе можат да излезат од своите домови само за пазарење храна, […]

Денови на македонската култура во Будимпешта-промовирани четворица млади автори


Четворица млади македонски автори беа промовирани во  рамки на Деновите на македонската култура во Будимпешта што ги организира Лекторатот по македонски јазик, Универзитет ЕЛТЕ и Здружението на Унгарци на Македонија- Теледом. На промоцијата, како што денеска информира Лекторатот во Будимпешта, присуствувале писателите Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Давор Стојановски, а предвидено било и учество на […]

Супермоделот Карли Клос бремена со првото дете


САД– Супермоделот Карли Клос (28), го чека своето прво дете со сопругот Џошуа Кушнер, менаџер и партнер во компанија за инвестиции, ексклузивно потврдува „Пипл“. „Карли е пресреќна што го чека своето прво дете во 2021 година“, изјавил извор близок на Клос за магазинот. „Таа ќе биде најневеројатната мајка. Клос и Кушнер (35) само што ја […]

Пчеларски саем на плоштад „Македонија“


„Вториот пчеларски саем на Македонија“ ќе се одржи од денеска до недела на централниот плоштад во Скопје. Главен покровител и домаќин на овој саем е Град Скопје, а организатор е Пчеларската федерација на Македонија. На поставените штандови на плоштадот „Македонија“, информираат организаторите, ќе бидат изложени мед и пчелни производи од цела држава, како и пчеларска […]

Нов Зеланд ќе ја легализира еутаназијата


Нов Зеланд – Граѓаните на Нов Зеланд изгласаа легализација на еутаназијата, покажуваат денеска објавените прелиминарни резултати од референдумот што се одржа во средината на октомври. Според првичните резултати 65,2 отсто од граѓаните го поддржаа Законот за еутаназија, со кој им се овозможува на смртно болните луѓе, кои немаат повеќе од шест месеци живот да умрат со […]