Со омаж за Данило Коцевски почнуваат „Деновите на европско Скопје“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност по трет пат годинава, ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Годинашната програма, како што соопштија организаторите, во малку поразлични […]

Во банките се чуваат над 418 милијарди денари, депозитите растат и во време на криза


Македонските граѓаните во банките во земјава чуваат 418.644 милиони денари. Поголемиот дел од депозитите се на физички лица, а помал на корпоративниот сектор. Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имаат 278.469 милиони денари, од нив денарски се 145.806 милиони денари, а во странска валута 132.663 милиони денари. […]

Лајен: Сите земји-членки на ЕУ во исто време ќе ја добијат вакцината против Ковид-19


Белгија – Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен синоќа изјави дека сите земји-членки на Европска Унија ќе добијат вакцини против Ковид-19 во исто време и под исти услови во согласност со бројот на жители. Таа по видеоконференцијата на лидерите на ЕУ кои вонредно разговараа за соработката и одговорот на вториот бран на новиот […]

НАТО ни испраќа 60 респиратори за справување со последиците од Ковид-19


Во Скопје денеска треба да пристигнат 60 респиратори, донација од НАТО за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19. Донацијата од НАТО Доверителниот фонд, вредна 1,4 милиони евра, на Меѓународниот аеродром Скопје, ќе ја примат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче. Предвидено е министрите Шекеринска, […]

Ребалансот во Собрание, се чекаат парите за мерките за олеснување на влијанието од ковид-кризата


Ребалансот на Буџетот за 2020 година, кој е втор годинава, поради корона-кризата, веќе е на пленарна седница од вчера. Неговото носење ја чека реализацијата на мерките од четвртиот пакет, кој значи поддршка за граѓаните и стопанството, а дополнително со амандманска интервенција е обезбедена и финансиска поддршка за децата без родители. Расправата треба да продолжи и […]

Скопје очекува поддршка од Софија за ЕУ, за јазикот и идентитетот не се преговара


Преговори за идентитетот на македонскиот народ и за македонскиот јазик немало и ќе нема. Тоа се ноторни и меѓународно потврдени факти и наши црвени линии од кои не може да има отстапки. Бугарија ни е пријател и очекуваме да ја признае таа реалност. Ова го порача македонскиот државен врв по вчерашната седница на Советот за […]

Повторно рекорден број заразени, стартуваа новите мерки


Нови 862 случаи на заразени со Ковид-19 беа регистрирани вчера кога и официјално стапија во сила новите мерки кои вклучуваат носење маска и на отворено, забрана за групирање на отворен простор, како и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Расте бројот на заразени, како и на починатите, а се исполнуваат и болничките капацитети. Во болниците […]

Oблачно со повремен дожд и ветер


Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 13 до 21 степен. Во Скопје, претпладне променливо облачно со […]

Аеродром со најмногу заразени, најмладата жртва има 35 години


Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва има 35 години . Другите починати се на возраст од 82,62, 90 и 77 години. Изминатото деноноќие оздравеле 75 луѓе, а бројот на активни случаи надмина 4.000 и изнесува 4.138. Најмногу активни случаи има во […]

Клуге: Европа го премина прагот од 10 милиони случаи на Ковид-19


Данска– Европа денеска го надмина прагот од 10 милиони случаи на коронавирус, соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге и посочи дека оваа недела Европа бележи најголема зачестеност на случаи Ковид-19 од почетокот на пандемијата, откако во изминатите седум дена се пројавени 1,5 милиони пациенти. – Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми од седум на девет милиони […]

Повторно четирицифрен број новозаразени во Грција, уште три градови во мини карантин


Грција– Во Грција веќе трет ден по ред се регистрирани над 1.000 нови случаи на коронавирусот, а во изминатите 24 часа бројката е помала од вчера, односно 1.211 новозаразени, а починаа уште 12 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Половина од случаите, повторно се во областа Атика (335) и во Солун (275). Заменик-министерот за […]

Експерти: Губењето антитела на короната не е нужно лоша вест


Англија – Појасниот увид во фактот дека нивото на антитела може брзо да исчезне кај луѓето кои имале коронавирус, не мора да биде лоша вест за имунитетот, изјавија денеска британски експерти додавајќи дека „тоа не значи автоматски дека заштитата со вакцина ќе биде слаба или краткотрајна“. Експерти за имунологија и вируси предупредуваат дека не треба многу […]

Нови 862 случаи на Ковид-19, починати 14 лица


Нови 862 случаи на Ковид-19 регистрира денеска Институтот за јавно здравје. Од нив, во Скопје – 390, Прилеп – 55, Велес – 53, Тетово – 48, Битола – 31, Штип – 28, Струмица – 27, Кочани – 25, Кавадарци – 24, Куманово – 22, Охрид и Гостивар по 18, Кичево – 17, Гевгелија и Пробиштип […]

Витни Хјустон влезе во историјата со 3-тиот дијамантски албум


САД (АП) – Покојната легенда на поп-музиката Витни Хјустон го заработи својот трет албум сертифициран со дијаманти, со што стана првиот цромурест уметник што го постигнал овој успех. The Recording Industry Association of America (RIAA) и Legacy Recordings вчера објавија дека албумот на Хјустон од 1987 година, „Витни“, достигна дијамантски статус, што е еквивалентно на […]

Филмот „Отворена врата“ во македонска копродукција е кандидат за Оскар на Албанија


Играниот филм „Отворена врата“ – деби на младиот албански режисер Флоренц Папас, во кој Северна Македонија учествува како копродуцент, е кандидат за Оскар на Албанија во категоријата за најдобар странски филм. Филмот е во продукција на „Бункер филм+“ од Албанија, а копродуценти се „Сиркл филм“ од Косово, „Лупин филм“ од Италија и „Авард филм и […]

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност


Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. По состанокот на Советот за безбедност, претседателот Пендаровски изјави дека за ова не е разговарано денеска […]

Нова едиција за деца со ликовите на Стела и Сани


Издавачки центар ТРИ со задоволство ја претставува новата едиција книги за деца „Стела и Сани“, ликови создадени за да им бидат најдобри другарчиња на децата со кои ќе можат да споделуваат идеи и приказни, да учат букви и многу нови нешта за светот. Овие неодоливи ликови, со кои децата имаа можност да се запознаат преку […]

За неносење заштитна маска на отворено казна од 20 евра


Носењето лична заштита на лицето станува задолжително за граѓаните со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болест, што синоќа ги усвои Собраните. Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни […]

Најбогатиот Французин неодамна стана уште побогат


Франција – Најбогатиот Французин Бернар Арно, шеф на францускиот концерн за производство на скапоцена стока „Луј Витон Мое Хенеси“ (ЛВМХ), го зголеми минатата недела своето богатство за осум милијарди долари, во период на пораст на цената на акциите, пишува „Форбс“. Со тоа вкупното богатство на Арно изнесува 122 милијарди долари, но „Форбс“ напоменува дека таквите промени […]

Клои Кардашијан била позитивна на Ковид, се уште има последици


САД– ТВ-ѕвездата Клои Кардашијан откри дека била позитивна на Ковид-19 пред неколку месеци. Во новиот трејлер за следната епизода на најгледаното реално шоу во САД „Дружење со семејството Кардашијан“, 36-годишната дизајнерка на „Гуд Американ“ споделува дека била тешко болна од коронавирусот. Вели дека нејзините симптоми вклучувале повраќање и главоболки. Се чини дека се разболела на […]