Аеродром со најмногу заразени, најмладата жртва има 35 години


Фото: Б. Грданоски

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва има 35 години .

Другите починати се на возраст од 82,62, 90 и 77 години.

Изминатото деноноќие оздравеле 75 луѓе, а бројот на активни случаи надмина 4.000 и изнесува 4.138.

Најмногу активни случаи има во општината Аеродром – 760, Карпош – 610 и во Центар – 573. Над 500 случаи се уште има во Гази Баба (543) и Кисела Вода (510).

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 198
• Гази Баба – 543
• Аеродром – 760
• Карпош – 610
• Центар – 573
• Кисела Вода – 510
• Ѓорче Петров – 351
• Бутел – 201
• Шуто Оризари – 37
• Студеничани – 16
• Сарај – 32
• Арачиново – 8
• Илинден – 72
• Сопиште – 36
• Чучер Сандево – 22
• Петровец –23
• Зелениково -13
• Странец – 27
• Нераспределен- 106