Почина поранешниот турски премиер Месут Јилмаз

Турција – Поранешниот премиер на Турција, Месут Јилмаз почина на 73-годишна возраст. Со години боледуваше од рак на белите дробови. Годинава му беше извршена операција на мозокот.

Јилмаз беше член на партијата Матица (АНАП) од 1991 до 2002 година, а во текот на 90-тите години трипати беше биран за премиер, но неговите два мандата траеја само по неколку месеци поради пад на неговите коалициски влади.

Третиот мандат на Јилмаз траеше 18 месеци по така наречениот воен меморандум од 1997 година, со кој беше сменета владата на тогашниот премиер Неџметин Ербакан, кој застапуваше исламски вредности е беше ментор на актуелниот претседтаел на Турција,Реџеп Тајип Ердоган.

Јилмаз беше и министер за надворешни работи и за култура во владата на Тургут Озел. Беше оженет и татко на два сина. Едниот син се самоуби во 2017 под неразјаснети околности.