Трамп со 10 ѕвезди ќе ја подига свеста за Ковид, на 264 им забрани зашто го критикувале


САД-Администрацијата на Трамп им забрани на 264 славни личности да се појават во рекламна кампања за подигање на свеста за короновирус и одобри само десет, бидејќи sвезди како Џенифер Лопез, Џони Деп, Били Ајлиш и Кристина Агилера го критикувале претседателот.

Администрацијата на Трамп неодамна ја одобри рекламната кампања во износ од 250 милиони долари со стотици познати личности што ќе учествуваат во неа, иако речиси сите беа отфрлени поради партиски политички интереси, вклучително и Били Ајлиш, пренесуваат американски медиуми.

Кампањата била иницирана само неколку недели пред изборите. Целта била да се „победи очајот и да се инспирира надеж“ среде пандемија на коронавирусот со тоа што ќе се ангажираат забавувачи во специјалната програма. Кампањата состави список со 274 славни личности кои би можеле да бидат вклучени, пренесува „Вашингтон пост“.

Од 274 познати личности на списокот, само 10 беа одобрени, а другите отпаднале или поради поддршка на поранешниот претседател Барак Обама или дека биле критички настроени кон Трамп, а некои и поради поддршка на правата на хомосексуалците и/или истополовите бракови.

Ајлиш (18) не била земена предвид за кампањата бидејќи таа не е поддржувач на Трамп и поради нејзините коментари на Демократската национална конвенција во август, каде што беше цитирана како вели: „Трамп ја уништува нашата земја и сè што ни е важно“.