Бугарската влада ја утврди позицијата за преговарачката рамка за Македонија, но не се кажува каква


Бугарската влада вчера на вонредна онлајн седница го утврди ставот на официјална Софија за преговарачките рамки за пристапување на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември, соопшти владината прес-служба. „Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската […]

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември


Од 16 до 22 ноември годинава виртуелно ќе се одржи Глобалната недела на претпримништво (ГНП), еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништво, зајакнување на партнерства и основање нови релации за подобрување на условите за развој на претприемништво во сите […]

Габер Дамјановска : Академијата за судии и обвинители има круцијална улога за регрутација на стручни и професионални кадри


Без соодветно професионално подготвени кадри, реформите во правосудниот систем би биле невозможна мисија. Да помогнат во исполнување на еден од условите за членство на нашата држава во ЕУ – правосудство, интерес пројавиле 497 кандидати кои ќе се борат да го исполнат критериумот за прием на едно од 97-те места за слушатели во регрутниот центар, Академијата […]

Со финансиска поддршка од САД ќе се прошират капацитетите на Клиниката за хематологија


Со финансиска поддршка во висина од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски Држави ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на пациенти на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје. Со оваа инвестиција целосно ќе се заокружи процесот на обнова на просторните услови во рамки на Клиниката започнат во 2017 година. Финансиската […]

Брисел очекува позитивно решение за почеток на преговорите со ЕУ


Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ и потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ. Ова, меѓудругото беше посочено во вчерашниот телефонски разговор меѓу претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот […]

Бројот на новозаболени над илјада, на скопските интерни клиники има слободни кревети


Бројот на новозаболени од Ковид-19 и вчера остана над илјада. Прилив на пациенти има, но министерот за здравство уверува дека има слободни болнички кревети и доволно кадар за да бидат згрижени сите пациенти. Се работи и на поставување на Ковид центрите, а првите ефекти од рестриктивните мерки се очекуваат за недела до две. Министерството за […]

Претпладне магливо, попладне сончево


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Скопје претпладне магливо, а околу пладне и попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб […]

Накитот на Грејс Кели: Кој ги наследи уникатите на  „Картие“ и „Ван Клиф и Арпелс“


САД– Грејс Кели, филмската и модна икона, која како ѕвезда во подем во Холивуд се омажи во кралското семејство на Монако, е родена на 12 ноември 1929 година во ирско католичко семејство во Филаделфија, Пенсилванија. Посетуваше скапи приватни училишта пред да се пресели во Њујорк за да студира на Американската академија за драмски уметности. Кели, […]

Потврдена победата на Бајден во Аризона


САД – Кандидатот на Демократската партија Џо Бајден победи на претседателските избори и во Аризона, соопштија Си Ен Ен и Њујорк тајмс. Според проекциите, од 99 отсто преброени гласачи ливчиња, за Бајден гласале 49.4 отсто од излезените гласачи, додека за републиканецот Доналд Трамп гласале 49.1 отсто. Разликата е повеќе од 11.000 гласови во полза на Бајден. […]

Трамп се нема појавено во јавноста повеќе од една недела 


САД- Американскиот претседател Доналд Трамп се нема појавено во јавноста повеќе од една недела, информира factbe.se, сајт каде се изложени сите говори, твитови и политички иницијативи на претседателот на САД.  За време на неговиот мандат ова е најдолг рок во кој Трамп се нема појавено во јавноста. Последен пат кога тој има оддржано брифинг за новинарите или прес-конференција […]

Зошто Путин не му честита на Бајден?


Кремљ очекува дека политиката на Џо Бајден кон Русија ќе биде слична на курсот на администрацијата на Барак Обама. Но, на Москва би и било подраго едно поинакво сценарио, смета Константин Егерт Владимир Путин молчи. Не му се брза да му ја честита победата на Џо Бајден на американските претседателски избори. Неговиот портпарол Дмитри Песков […]

НЦЦ: Петре М. Андреевски- македонскиот Кафка


Делото на прославениот македонски автор се најде и пред германските читатели, што беше повод, швајцарскиот весник Ноје Цирхер Цајтунг да го спореди со славниот Кафка Расказите на Македонецот Петре М.Андреевски се едно големо Мементо мори, пишува Ноје Цирхер Цајтунг (НЦЦ) во најавата на текстот, дополнувајќи дека германската публика сега има ретка можност да се запознае […]

Што ќе биде со Доналд Трамп?


И покрај тоа што американскиот претседател не го признава поразот тоа не значи дека бесконечно може да остане во Белата куќа. Што го очекува Трамп по крајот на неговиот мандат? Помина една недела откако Американците излегоа на гласање и го избраа Џо Бајден, поранешниот демократски потпретседател за 46-ти претседател на САД. Два месеци пред официјалната […]

СЗО: Вакцината за Ковид-19 е успех од кој мора да имаат корист сите држави


Швајцарија– Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) ја пофали невидената брзина со која се водеше трката за вакцина против новиот коронавирус, но истовремено тој побара секое „научно достигнување“ да биде во полза на сите земји. – Нема сомнение дека вакцината ќе биде важна алатка за контрола на пандемијата и првите резултати од клиничките испитувања (Pfizer […]

Австрија се подготвува за целосно „затворање“


Австрија– Во Австрија се воведуваат построги мерки за т.н. „локдаун“, кои вклучуваат затворање на малопродажбата и натамошни ограничувања на социјалните контакти, објавија денеска австриските медиуми, пренесувајјќи дека во претходните 24 часа бил постигнат нов рекорд од 9.586 новоинфицирани со коронавирусот. „Премиерот и вицепремиерот Себастијан Курц и Вернер Коглер, министерот за внатрешни работи Карл Нехамер и […]

Експерти: Tужбитe на Трамп најверојатно нема да го променат резултатот од изборите


САД –  Tужбитe што ги покрена американскиот претседател Доналд Трамп за да ја дискредитира победата на новоизбраниот шеф на државата Џо Бајден, најверојатно нема да го променат резултатот од изборите, а главно станува збор за политика и прибирање средства. Тоа го најавуваат американски правни експерти и експерти за избрниот систем. Трамп повеќепати се жалеше дека изборите […]

„Фестивал на тркала“ со 12 европски филмови


Дванаесет европски филмови се прикажуваат во рамки на седмиот „Фестивал на тркала“ кој се одржува од вчера до 19 ноември на платформата  Сinesquare.net. Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје со поддршка од Министерството за култура. Годинава во проширен концепт фестивалот има четири програми: игран филм, документарен филм, посебен фокус на француската […]

Стефоска: „Денови на Јустинијан Први” е културен мост меѓу Македонија и Италија


Во Музејот на македонската борба денеска беше отворен Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први”, кој се одржува веќе осма година, во организација на Институтот за национална историја, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“. На отворањето, присутните ги поздрави и министерката за култура Ирена Стефоска, која истакна дека овој форум има […]

Клајн: Бајден ќе именува координатор за Ковид-19


САД – Шефот на Кабинетот на Џо Бајден, Рон Клајн рече дека новоизбраниот американски претседател ќе именува координатор за Ковид-19 кој ќе раководи со тимот на новата администрација за справување со коронавирусот. Тој за Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека координаторот ќе има директен пристап до претседателот и секојдневно ќе го информира за ситуацијата. – Исто така, ќе се формира […]

Тедрос: Трупањето вакцини, исто така, ја продолжува пандемијата


Швајцарија– Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, смета дека правичниот пристап до вакцините ширум светот е во интерес на секого и секоја земја, додавајќи дека акумулацијата на вакцини во некои земји може само да ја продолжи пандемијата. -Национализмот поврзан со вакцинацијата ќе ја продолжи пандемијата, нема да се скрати, рече тој на […]