Трамп се нема појавено во јавноста повеќе од една недела 


САД- Американскиот претседател Доналд Трамп се нема појавено во јавноста повеќе од една недела, информира factbe.seсајт каде се изложени сите говори, твитови и политички иницијативи на претседателот на САД. 

За време на неговиот мандат ова е најдолг рок во кој Трамп се нема појавено во јавноста. Последен пат кога тој има оддржано брифинг за новинарите или прес-конференција беше минатата недела на 5 ноември.  

Трамп, сепак, е активен на Твитер.  

Тој вчера повторно напиша за „фалсификуваните избори“ и испрати критики до телевизијата Фокс њуз, која обично беше на негова страна за време на целото негово претседателство. Трамп со месеци нема присуствувано на состаноците на координативниот тим на Белата куќа за борба против коронавирусот, поради зафатеност со предизборната камања. Во понеделникот, за првпат по три недели, на состанокот дојде потпретседателот Мајк Пенс. 

Белата куќа ги демантира критиките на демократите кои го обвинуаат претседателот за предвремено напуштање на обврските. 

-Апсолутна лага, изјави заменик прес-секретарот на Белата куќа, Џад Дир, за Гласот на Америка. 

Тој истакна дека претседателот Трамп се бори за слободни и фер избори, и истовремено ги исполнува своите обврски, со кои Америка се става на прво место. 

Белата куќа вчера објави низа укази потпишани од Трамп, вклучувајќи ги и оние за забрана на американски инвестиции во кинески фирми поврзни со вооружените сили на Кина. Синоќа, тој ручаше со државниот секретар Мајк Помпео и министерот за финансии Стивен Мнучин. 

Актуелниот претседател не го признава својата наводен пораз на изборите, а неговиот предизбоен штаб покрена низа судски тужби во повеќе сојузни држави за оспорување на изборните резултати. Мнозинство од законодавачите републиканци, по сѐ изгледа продолжуваат да стојат зад позицијата на Трамп, а само неколкумина го признаа демократот Џо Бајден за новоизбран претседател.  

Поранешниот претседател Барак Обама синоќа изрази загриженост за ова. 

-Ова е уште еден чекор кон делегитимизација не само на идната администрација на Бајден, но и на демократијаа во целина, и тоа е опасен пат, изјави Обама во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-би-ес. 

Некои сенатори од Републиканската партија повикаа да му се даде на Бајден пристап до разузнавачките брифинзи, но тоа моментално е невозможно, бидејќи Управата за општи служби не ја потврди неговата победа.