Уште два дена за приближување на ставовите со Бугарија


До одржувањето на состанокот на Советот на министри на ЕУ во вторник Северна Македонија и Бугарија ќе разговараат за да се избегне вето за нашиот почеток за преговори со ЕУ и одржување на меѓувладината конференција. Засега се уште не може да се предвиди каква ќе биде одлуката на Советот во вторник. – Се уште се […]

Интерните клиники подготвени за ковид-пациенти, хоспитализирани околу 700 лица


Околу 700 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во државата. Подготвени се и Интерните клиники за прием на пациенти. Со интерни договори, дел од лекарите од сите интерни клиники ќе ја вршат вообичаена работа во нивните интернистички одделенија, а други се приклучени за работа и третман на ковид-пациенти, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче. […]

Почнува законската обврска за задолжително носење на зимска опрема


Од денеска започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2021 година. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Документарец за скопската музичка сцена на фестивалот „Le Guess Who?“ од Утрехт


На официјалната веб-страница на фестивалот LGW (Le Guess Who?)  во Утрехт, Холандија, денеска од 18 часот ќе биде презентиран македонскиот документарец „Астрокултура“ во режија на Ѓорѓи Јаневски. Поради пандемијата, фестивалот „Le Guess Who?“ годинава се адаптираше да биде домаќин на новиот хибриден настан – ON/OFF, дводелна програма за меѓународни и локални посетители. LGW ON почна сопствен […]

Магла и студено утро, попладне сончево


Времето  ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, која околу пладне и рано попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 13 […]

Секој петти Ковид – пациент може да развие психички проблеми


Анксиозност, депресии и несоница според една нова британска студија на Универзитетот Оксфорд се најчестите долгорочни последици од заболување од Ковид- 19   Речиси една година по појавата на новиот вид коронавирус САРС – КоВ-2 познато е дека овој агресивен патоген не ги напаѓа само белите дробови и дишните патишта, туку може сериозно да го оштети […]

Кица Колбе со петти роман „Витезот и Византијката“


Новиот, петти по ред, роман на познатата писателка и колумнистка на Дојче веле -Кица Колбе од понеделник, 16 ноември, ќе се најде во продажба во книжарницата на ИЛИ-ИЛИ. Приказната  во романот „Витезот и Византијката“ се одигрува во Бон, Рим и во едно гратче близу Фиренца, во Тоскана. Главните личности во романот се докторанти по филозофија […]

Австрија на светскиот врв по број на новозаболени од Ковид-19


Австрија– Според бројот на новозаразени Австрија е на врвот во светот, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Во неделен просек, Австрија сега ја надмина Франција и со тоа го достигна негативниот глобален врв – ранг-листа на земји со број на нови случаи на милион жители. Додека во пролетта, на почетокот […]

Нови 1.168 случаи на заразени со коронавирусот од 3.353 тестирања, 18 лица починаa


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 1168 нови случаи на Ковид-19, а 18 лица починаa. Од Министерството информираат дека од направени 3.353 тестирања регистрирани се 1.168 нови случаи на Kовид-19 и тоа во: Скопје-513, Куманово-68,  Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, […]

Хари Стајлс облече фустан за насловница на „Вог“ и…. испиша историја


Секако, глетката на познат маж во фустан не е нова и не е трансгресивна, барем кога станува збор за светот на високата мода. „Вог“ го знае ова и ги цитираше моментите кога машките музичари секогаш толку нежно ја преминуваа тенката линија меѓу мачо и феминизиран маж – Мик Џегер во бел романтичен фустан додека пееше […]

Мис Косово е мис Глоуб за 2020, најубавата Македонка заврши на 7 место


Вчеравечер во Тирана, Албанија се одржа изборот за Мис ГЛОУБ 2020 со учество на 50 девојки од исто толку држави од целиот свет. Нашата држава ја претставуваше 24-годишната Анѓела Јакимовска од Скопје која направи убав успех со пласманот во топ 15 кандидатки и на крајот по бројот на поени од стручното жири го освои одличното […]

Ориѓански: Д-р Софијанова ми го спаси детето


Композиторот Златко Ориѓански преку статус на Фејсбук и се заблагодари на д-р Аспасија Софијанова, кој вчера го спасила животот на неговото дете. – Аспасија Софијанова e врвен, светски лекар, ноќеска го спаси животот на моето дете. Таа е идеолошки, ВМРО, јас сум контра ВМРО, таа Влаинка, јас, Македонец. Дал тоа беше важно во тој момент? […]

Децата на Иванка и Џаред Кушнер префрлени во ново училиште, не ги почитувале Ковид-протоколите


САД– Иванка Трамп и Џаред Кушнер ги испишаа своите три деца од еврејското дневно училиште во Вашингтон, во средината на октомври, откако другите родители се загрижија за недостаток на социјално дистанцирање и маски на двојката, особено што епидемијата на Ковид-19 масовно се рашири во Белата куќа, според Еврејската телеграфска агенција. Нивните деца – Арабела, Џозеф […]

Мајк Пенс тајно ја омажил ќерка си два дена пред изборите


САД– Мајк Пенс тајно присуствуваше на свадбата на неговата ќерка два дена пред денот на изборите. Потпретседателот и втората дама Карен Пенс беа подготвени да го видат најмалото дете Одри Пенс Томанели како стапува во брак. Невестата објави црно-бела слика на Инстаграм на која нејзините родители гледаат како го бакнува сопругот Даниел Томанели пред скалите […]

Хилари Клинтон би можела да биде амбасадор на САД во ОН


САД – Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден размислува во својата администрација да ја вклучи и поранешната кандидатка за претседател и државна секретарка Хилари Клинтон, која би можела да биде амбасадор на САД во ОН. Хилари Клинтон моментно е главен кандидат на Бајден за амбасадорска функција, пишува „Индипендент“. Бајден веќе почна да составува тим за борба против […]

Европа и натаму е жариште на Ковид-19, во САД нагло зголемување на бројот на новозаразени


Белгија– Европа и натаму е жариште на епидемијата на Ковид-19 во последните седум дена, и покрај стабилизацијата на новите случаи на заразени.   Важен индикатор, бројот на дијагностицирани случаи, сепак, одразува само мал дел од реалниот број на заразени и треба да се внимава при споредување на одделни земји, бидејќи политиките за тестирање варираат од […]

Млад кавадарчанец произведува органско вино од „смедеревка“ (репортажа)


Млад кавадарчанец произведува органско вино од белата сорта грозје „смедеревка“. Станува збор за најзастапената бела сорта грозје околу која се имаат кршено копја во смисла на тоа дали треба да се копачат или не површините засадени со неа. И додека едни сметаат дека треба, образложувајќи го тоа со факт дека е преприсутна во тиквешкиот регион, […]

Нема страв да се патува со авион, патниците поддржуваат употреба на брзи тестови


За закрепнување на воздушниот сообраќај на национално и на глобално ниво е потребно да бидат отстранети рестрикциите за патување поради ковид пандемијата наметнати од земјите членки на ЕУ, бидејќи 77 проценти од сообраќајот на македонските аеродроми е концентриран во ЕУ, вели за МИА  генералниот извршен директор на ТАВ Македонија Метин Батак. Нивните и искуствата на […]

Бугарската влада ја утврди позицијата за преговарачката рамка за Македонија, но не се кажува каква


Бугарската влада вчера на вонредна онлајн седница го утврди ставот на официјална Софија за преговарачките рамки за пристапување на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември, соопшти владината прес-служба. „Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската […]

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември


Од 16 до 22 ноември годинава виртуелно ќе се одржи Глобалната недела на претпримништво (ГНП), еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништво, зајакнување на партнерства и основање нови релации за подобрување на условите за развој на претприемништво во сите […]