Магла и студено утро, попладне сончево

Фото: Б. Грданоски

Времето  ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, која околу пладне и рано попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови со појава на магла, а околу пладне и попладне сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од вторник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.