Со финансиска поддршка од САД ќе се прошират капацитетите на Клиниката за хематологија


Фото: Б. Грданоски

Со финансиска поддршка во висина од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски Држави ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на пациенти на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје.

Со оваа инвестиција целосно ќе се заокружи процесот на обнова на просторните услови во рамки на Клиниката започнат во 2017 година.

Финансиската поддршка се реализира преку Амбасадата на САД во земјава.

По тој повод, како што е најавено, денеска министерот за здравство Венко Филипче и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз ќе ја посетат Клиниката за хематологија со што практично и ќе започнат градежните активности за проширување на Клиниката.