Претпладне магливо, попладне сончево


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје претпладне магливо, а околу пладне и попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 14 степени.