Клајн: Бајден ќе именува координатор за Ковид-19


САД – Шефот на Кабинетот на Џо Бајден, Рон Клајн рече дека новоизбраниот американски претседател ќе именува координатор за Ковид-19 кој ќе раководи со тимот на новата администрација за справување со коронавирусот.

Тој за Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека координаторот ќе има директен пристап до претседателот и секојдневно ќе го информира за ситуацијата.

– Исто така, ќе се формира тим за координација на дистрибуцијата на вакцини, решавање на проблеми во синџирот на снабдување и подобрување на пристапот до тестирање, рече Клајн.