Зошто Путин не му честита на Бајден?


Кремљ очекува дека политиката на Џо Бајден кон Русија ќе биде слична на курсот на администрацијата на Барак Обама. Но, на Москва би и било подраго едно поинакво сценарио, смета Константин Егерт

Владимир Путин молчи. Не му се брза да му ја честита победата на Џо Бајден на американските претседателски избори. Неговиот портпарол Дмитри Песков објасни дека причината е што претседателот Доналд Трамп побара повторно пребројување на гласовите во неколку сојузни држави. Но, работата не е во тоа.

Путин, кому му е одлучувачко никогаш да не изгледа слабо, му покажува на Бајден дека и покрај санкциите на Запад кон Русија и меѓународната изолација, не се колеба да му се спротистави на новиот „водач на слободниот свет”.

Бајден на Путин ќе му биде петти американски претседател. Прв беше Бил Клинтон. Путин има помешани чувства кон некогашниот потпретседател Бајден. Тој е еден од членовите на владата на Барак Обама кој не ги криеше симпатиите за Дмитри Медведев, чуварот на местото за Путин од 2008 до 2012 година, и се надеваше дека тој ќе се кандидира за претседателската функција. Такви „навреди на честа” Путин не заборава. И наводно не простува.

Линк до тектот на Дојче веле тука