Џилијан Андерсон во улога на Маргарет Тачер


Англија– Во 1990-тите години, Џилијан Андерсон се прослави со улогата на специјалната ФБИ-агентка Дејна Скали во серијата „Досие Икс“… Потоа, поради нејзината црвенокоса хероина, таа беше прогласена и за една од најсексапилните жени во светот. Така, сега Андерсон, која на почетокот од шестата деценија од животот изгледа исто толку одлично, ќе ја глуми „железната дама“ […]

Силвестер Сталоне се приклучува на „Одредот на отпишаните“


САД– Силвестер Сталоне е последното звучно име коешто ѝ се приклучи на актерската екипа на новото продолжение на „Одредот на отпишаните“ (The Suicide Squad). Веста ја објави режисерот Џејмс Ган, на Инстаграм викендов. „Отсекогаш сакав да работам со мојот пријател Сталоне и нашата работа на ’Одредот на отпишаните‘ не e исклучок… Иако Слaj е филмска sвезда и […]

Археолошките истражувања кај Видин Град, Градско – антички Аргос, продолжуваат и следната година


Институтот за археолошки истражувања-Скопје, соопшти дека со поддршка на Министерството за култура во рамки на годишната програма на проекти од национален интерес, веќе четврта сезона врши археолошки истражувања на античкиот град кај село Водоврати, Градско, кои годинава донеле нови вредни сознанија за населбата. Според Институтот, овој малку познат антички центар идентификуван е со градот Аргос […]

Нови 990 заразени, 24 починати и 382 оздравени


Од  2655 направени тестирања во изминатите 24 часа се регистрирани нови 990 случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. Од нив, 378 се во Скопје, Куманово-48,  Дебар-6, Штип-51, Прилеп-55, Тетово-39, Струга-27, Велес-54, Битола-44, Охрид-39, Кавадарци-24, Гостивар-54, Гевгелија-16, Струмица-19, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-27, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-9,  Валандово-1, Виница-10, Делчево-8,  Кратово-3, Свети […]

Нова модна (р)еволуција: Со „Гучи“ на незаборавно филмско патување


Форматот им овозможува на сите модата да ја гледаат од посакуваното седиште во првиот ред, отстранувајќи дел од ексклузивноста на ревиите на пистата   Италија (АП) – Креативниот директор на Гучи, Алесандро Микеле, сакаше да го надмине шоуто на пистата, а пандемијата на коронавирусот обезбеди погоден момент. Микеле се здружи со американскиот филмски режисер Гас […]

Семејството Заеви донираше амбулантно возило и медицинска опрема на струмичката болница


Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче денеска му го предаде амбулантното возило на директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, кое го обезбеди компанија на семејството на Заеви. Покрај амбулантното возило, друга компанија на Заеви донираше механички кревети, шкафови и друга опрема за новиот крак на струмичката болница. Заев рече дела фирмата […]

Психолозите со препораки: Реорганизација на секојдневието и на навиките за психолошки мир на прагот на зимата


Голем психолошки притисок, анксиозност, неснаоѓање, паника за сопственото и здравјето на семејството, се психолошките последици од падемијата. Особено на прагот на зимата. Психолозите велат дека интервенираат и се обидуваат да им помогнат на граѓаните да ја пребродат психолошката криза. Личната и во семејните рамки. Според Кристина Павлоски, психолог од невладината Центар за граѓански иницијативи од […]

Локални избори во БиХ


БиХ –   Во Босна и Херцеговина, освен во градот Мостар, денеска ќе се одржат седми локални избори од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор. Гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот, а до крајот на денот на изборите е во сила забраната за објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со […]

Богатство од историја собрано во мало струшко катче (репортажа)


Млад, амбициозен, го сака фолклорот, а пасија му е колекционерството на народни носии. Љупчо Милошески од струшкото село Драслајца скоро 15 години собира народни носии. Во својата збирка има околу 1 500 парчиња за концертирање и 24 комплети со народни носии од охридско-струшкиот регион, но и од други делови на државата, од велешките села Ораше […]

Османи и австрискиот амбасадор Вуцас во Велешта во посета на роднините на Вренези кој загина во нападите во Виена


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со амбасадорот на Република Австрија во Скопје, Георг Вуцас, ќе ја посетат Велешта, Струга, каде ќе се сретнат со роднините на Неџип Вренези, кој настрада во нападите во Виена. Османи и Вруцас, како што најавуваат од МНР, ќе изразат жалење и сочувство до најблиските на жртвата, а по […]

Недела неработен ден – синдикатите „за“, бизнисот воздржан


Владата неодамна ја прифати иницијативата на синдикатите недела да биде прогласена за неработен ден, а Министерството за труд и социјална политика веќе работи на измени и дополнувања на Законот за работни односи. Синдикалните претставници сметаат дека недела треба да биде ден за одмор и ден за семејството, но бизнис секторот предупредува дека ова законско решение […]

Светска програма за храна: Идната година ќе биде полоша од оваа


САД – Шефот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли, рече дека Нобеловата награда за мир ја донесе таа агенција на ОН во центарот на вниманието и и овозможи да ги предупреди светските лидери дека следната година ќе биде полоша од 2020 година и дека без милијарди долари „во 2021 година“ ќе има глад од […]

Уште два дена за приближување на ставовите со Бугарија


До одржувањето на состанокот на Советот на министри на ЕУ во вторник Северна Македонија и Бугарија ќе разговараат за да се избегне вето за нашиот почеток за преговори со ЕУ и одржување на меѓувладината конференција. Засега се уште не може да се предвиди каква ќе биде одлуката на Советот во вторник. – Се уште се […]

Интерните клиники подготвени за ковид-пациенти, хоспитализирани околу 700 лица


Околу 700 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во државата. Подготвени се и Интерните клиники за прием на пациенти. Со интерни договори, дел од лекарите од сите интерни клиники ќе ја вршат вообичаена работа во нивните интернистички одделенија, а други се приклучени за работа и третман на ковид-пациенти, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче. […]

Почнува законската обврска за задолжително носење на зимска опрема


Од денеска започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2021 година. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Документарец за скопската музичка сцена на фестивалот „Le Guess Who?“ од Утрехт


На официјалната веб-страница на фестивалот LGW (Le Guess Who?)  во Утрехт, Холандија, денеска од 18 часот ќе биде презентиран македонскиот документарец „Астрокултура“ во режија на Ѓорѓи Јаневски. Поради пандемијата, фестивалот „Le Guess Who?“ годинава се адаптираше да биде домаќин на новиот хибриден настан – ON/OFF, дводелна програма за меѓународни и локални посетители. LGW ON почна сопствен […]

Магла и студено утро, попладне сончево


Времето  ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, која околу пладне и рано попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 13 […]

Секој петти Ковид – пациент може да развие психички проблеми


Анксиозност, депресии и несоница според една нова британска студија на Универзитетот Оксфорд се најчестите долгорочни последици од заболување од Ковид- 19   Речиси една година по појавата на новиот вид коронавирус САРС – КоВ-2 познато е дека овој агресивен патоген не ги напаѓа само белите дробови и дишните патишта, туку може сериозно да го оштети […]

Кица Колбе со петти роман „Витезот и Византијката“


Новиот, петти по ред, роман на познатата писателка и колумнистка на Дојче веле -Кица Колбе од понеделник, 16 ноември, ќе се најде во продажба во книжарницата на ИЛИ-ИЛИ. Приказната  во романот „Витезот и Византијката“ се одигрува во Бон, Рим и во едно гратче близу Фиренца, во Тоскана. Главните личности во романот се докторанти по филозофија […]

Австрија на светскиот врв по број на новозаболени од Ковид-19


Австрија– Според бројот на новозаразени Австрија е на врвот во светот, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Во неделен просек, Австрија сега ја надмина Франција и со тоа го достигна негативниот глобален врв – ранг-листа на земји со број на нови случаи на милион жители. Додека во пролетта, на почетокот […]