Ковид-19 во Бугарија: Над 3000 новозаразени и 157 починати


Бугарија–  Во Бугарија 157 лица со потврден Ковид-19 починале во последните 24 часа, а 40 од нив немаат податоци за други болести.

Во изминатото деноноќие 3097 се новодијагностицирани лица, по направени 8587 ПЦР тестови, покажуваат податоците во Националниот информативен систем.

Потврдените случаи на коронавирус во Бугарија се вкупно 177.665. Од нив 92.581 се активни. Излекувани се 79522 лица, од кои 4.290 се регистрирани во последните 24 часа.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија од Ковид-19 починаа 5.562 лица.