Погребана фудбалската легенда Паоло Роси


Италија – Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Виченца за да присуствуваат на погребот на италијанската фудбалска легенда Паоло Роси, кој почина во четвртокот, на 64 години, од рак на белите дробови.

Ковчегот со телото на Роси до градската катедрала го носеа неговите соиграчи од репрезентацијата со која ја освои титулата светски првак во 1982, на Мундијалот во Шпанија.

Во поворката која го носеше ковчегот беа Марко Тардели, Антонио Кабрини, Џанкарло Антоњони, Алесандро Алтобели, Фрамко Каузио, Фулвио Коловати и Џузепе Бергоми, а погребот го пренесуваше италијанската државна телевизија РАИ.

Роси во 1982 година се врати во италијанската репрезентација по двегодишна пауза, а на Мундијалот истата година постигна шест голови, вклучувајќи и хет-трик во епската победа од 3:2 над Бразил благодарение на која Италија ја свои својата трета светска титула.

Ковчегот со телото на Роси, пред погребната церемонија беше изложен на стадионот „Ромео Менти“ во Виченца каде навивачите можеа да положат сцеќе и да оддадат почит на големото фудбалско име.

Роси беше водечки стрелец во Серија Б, кога ја однесе Виченца во првата лига во сезоната 1976/77, а во следната сезона го повтори истиот подвиг и во Серија А.