Таксират фестивал на Фејсбук и на Јутјуб

ПИН ТВ, целодневна програма, спакувана во телевизиски формат со времетраење од 13 ЧАСА,  од денес се емитува, под наслов „24 hour NO party people“, на МРТ 3, на Фејсбук, Јутјуб каналите на Таксират Фестивал и единствената музичка конференција ПИН.

Екипата на „Таксират“ велат дека нејзиниот карактер е динамичен, а целта е на уникатен и нивен начин да ги документираат сите случувања од светот на креативната индустрија во изминатиот период.

Целата програма ќе биде бесплатна за гледање, споделување и уживање во искуството на стотици музички професионалци, пријатели и соработници од 40 различни држави.

„Дознајте што ПАПАТА бара во рајдер за бекстејџ, кои се омилени бендови на ХЕЛСИНКИ од LA CASA DE PAPEL, дали ќе го биде EXIT FESTIVAL, POHODA или  GLASTONBURY, дали е потребно музичко ЕКСПОРТ биро кај нас, како да се заработи од ТИК ТОК, колкави хонорари се вртат во светот на музиката…“, велат од екипата на „Таксират“.

Но, не е само тоа, допоплнуваат тие, потенцирајќи дека тивко и дисциплинирано изработија точно 20 КОНЦЕРТИ!

„Ќе имате можност екслузивно да ги гледате на 13-ти на ПИН ТВ, но и цел останат декември – месец традиционално резервиран за Таксират Фестивал. СУПЕРХИКС, БЕРНЕЈС ПРОПАГАНДА, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, ЉУБОЈНА, ЏАМБО АГУШЕВ, победниците на Лузер Фест – CUT YOUR NIPPLE, АНТОНИЕ ВЕСКОВСКИ, ФАНКИ ФРЕШ, ПЕРИЈА, ЈОН АЈДИ, ТОКА ШИТЕТ, ќе ви ја доловат убавината на Скопје, кое ќе биде и домаќин на изведувачи од Уганда, Канада, Словачка, Грција, Чешка, Франција, Белорусија, како и три бенда од земјата фокус на овогодинашниот ПИН ТВ – Германија. Гледајте ПИН ТВ на Таксират #22 – вашиот традиционален филтер на чист воздух“, јавува екипата на „Таксират“.

Програмата на ПИН музичката конференција е поддржана од Делегацијата на Европската Унија.

  •