Променливо облачно со сончеви периоди и северен ветер


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во позападните делови, ќе биде ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер најизразен уште од изутрина во пошироко Повардарие. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје променливо облачно, ветровито и постудено. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за утринска магла и ниска облачност по котлините.