Се зголемува притисокот врз американска федерална агенција да одобри пренос на власта


САД –  Малку познатата федерална агенција на САД, Управата за општи работи (ГСА), е најголемата пречка за нови напори за борба против коронавирусот, изјави синоќа  новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден. „Многу работи не ни се достапни“, вклучително и ажурирани информации за лична заштитна опрема и план за дистрибуција на вакцини за Ковид-19, рече Бајден. Емили […]

Без шанси за успех, Трамп има последна шанса за напад врз гласањето на изборите за претседател


САД – Доналд Трамп продолжува да оспорува резултати од изборите за претседател во САД, но сепак, претседателот во заминување ќе се соочи со крајни рокови, што дополнително ќе ја засилат победата на Џо Бајден. САД ги потврдуваат своите резултати во текот на следните неколку недели во фазен процес што ќе заврши на 14 декември, датум […]

Медведев преку Ѓоковиќ до полуфиналето на АТП турнирот во Лондон


Англија– Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Србинот Новак Ѓоковиќ и се пласираше во полуфиналето на АТП-завршниот турнир во Лондон. Во меч што траеше еден час и 22 минути, Русинот ги доби двата сета со по 6:3. Негов ривал во следната рунда ќе биде или Шпанецот Рафаел Надал, или Гркот Стефанос Циципас. Утре Медведев ќе игра […]

Режисерот Пиперкоски за „Дедо и внук“ доби признание за придонес во светот на филмот


Режисерот Илија Пиперкоски доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот за неговиот најнов филм „Дедо и внук“. Признанијата ги доби на 4-th Dimension Independent Film Festival и на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата за најдобри наративни играни филмови. – Наградата доаѓа во време кога со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал […]

Суд во Хаг: Тачи и уште тројца членови на ОВК треба да останат во притвор


Холандија– Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг смета дека Хашим Тачи и уште тројца членови на Главниот штаб на ОВК треба да останат во притвор, бидејќи постои реална опасност од влијание и заплашување на сведоци, како и ризик да ги мобилизираат своите приврзаници со цел да ја спречуваат постапката на Судот. – Во […]

„Фајзер“ и „БиоНТеч“ ја зголемија оценката за ефикасноста на нивната вакцина до 95 проценти


САД – Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и германската „BioNTech“ по завршените клинички испитувања на заедничката вакцина против коронавирус соопштија дека нејзината ефективност е на ниво од 95 проценти, соопшти денеска Си-ен-би-си повикувајќи се на изјави од компаниите. Претходно се велеше дека ефективноста на оваа вакцина е 90 отсто.  -Нашата вакцина … дава високо ниво на заштита од Ковид-19 на само […]

Бајден е принуден да бара информации по спореден пат


САД – Одбивањето на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да соработува со новоизбраниот шеф на државата, го принуди Џо Бајден да побара необични споредни решенија за да се подготви за преземање на власта во јануари, кога ќе се соочи со уште поголема опасност за јавното здравје и предизвиците на националната безбедност. Откако му бил одбиен пристапот […]

Нови 1.406 случаи на заразени со Ковид-19, 21 починат, оздравени 937


Во последните 24 часа се регистрирани 1.406 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.398 тестирања, починале 21 лице, а оздравеле 937 пацинети, информираше вечерва Министерството за здравство. Најмногу нови случаи повторно има во главниот град, каде се регистрирани 627 заразени, по што следат Прилеп со 98,  Гостивар, 84, Куманово, 73, Тетово, 72,  Охрид 57, Велес, […]

Пелоси останува спикер и во новиот состав на Претставничкиот дом на САД


САД– Демократската конгресменка Ненси Пелоси останува спикер на Претставничкиот дом и во новиот состав на американскиот Конгрес, што ќе биде свикан на 3 јануари 2021 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон.   За денеска е закажано гласањето за номинацијата на Пелоси, која е на возраст од 80 години, и успеа да ја задржи позицијата, па дури […]

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 45 пациенти, вкупно се лекуваат 440, од утре 33 нови кревети и на Очна клиника


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 45 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 440 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа осум пациенти биле хоспитализрани […]

Грција ѝ го предаде на Германија претседателството со Советот на Европа


Грција – На онлајн манифестација, поради пандемијата, наместо во живо во Атина како што беше првично планирано, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, на министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, му го предаде претседателството со Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина. Варвициотис рече дека е многу важно што приоритетите на […]

МОН прв пат додели стипендии за македонистика


Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје сака да ја изрази својата благодарност до Министерството за образование и наука и до министерката Мила Царовска, поради доделувањето 15 стипендии за студенти кои студираат македонска книжевност и македонски јазик на овој факултет. На почетокот на октомври, соочувајќи се со смалениот […]

Пожарникарите и Град Скопје најдоа привремено решение за надминување на проблемот со додатоците на плата


Пожарникарите и Град Скопје најдоа привремено решение за надминување на проблемот со надоместоците на плата за пожарникарите. Преку потпишување на Правилник ќе се надмине проблемот кој, според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, трајно мора да се реши со закон. На пожарникарите, како што денеска изјави градоначалникот Шилегов, ќе им бидат исплатени ретроактивно надоместоците за […]

Нобеловиот Комитет го одложува директното врачување на наградата за мир


Норвешка– Добитникот на годинашната Нобелова награда за мир – Агенцијата за храна на ОН, се согласи да се одложи персоналното доделување на наградата во Осло, поради пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Нобеловиот комитет. Церемонијата требаше да се одржи следниот месец, пренесуваат американските медиуми. „Поради сегашните ограничувања во Осло, нема да  е можно на добар и […]

Пипл: Мајкл Б. Џордан е најсекси маж на светот за 2020


САД- Актерот Мајкл Б. Џордан (33)  беше прогласен за најсекси маж на светот за 2020 година, според магазинот „Пипл“, само неколку часа пред да се појави целосно маскиран во популарното ток-шоу „Џими Кимел лајф“. Мајкл ја презема титулата „Најсекси маж 2020“ која последен пат беше доделена во ноември 2019 година на пејачот Џон Леџенд (41). […]

Коронавирусот го смени рангот на најскапи градови во светот


Швајцарија – Цирих и Париз ги потиснаа Сингапур и Осака од водечките места на новата ранг-листа на најскапи градови во светот, приклучувајќи му се на Хонг Конг со којшто го делат првото место. Неодамнешното истражување на британски „Економист“ за трошоците за живот, покажува дека корона-пандемијата влијаела на цените на стоките и услугите во повеќе од […]

За викендот постудено со услови за слаб снег на планините


За време на викендот синоптичарите најавуваат постудено време со северен ветер и услови за провејување слаб снег на планините. Сончевото време со слаб до умерен северен ветер ќе преовладува уште утре и во петок. Веќе кон крајот на денот во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и облачноста ќе се зголемува, а […]

Доли Партон донира милион долари за развој на вакцина


САД– Кантри-пејачката Доли Партон донира милион долари за развој на експерименталната вакцина на американската „Модерн фондација“. Организацијата стои во извештаите за ефикасноста на вакцините, заедно со името на Националниот институт за инфективни болести на САД и Универзитетот Амери. Пејачката исто така ги повика своите обожаватели да донираат средства за развој на новата вакцина. Ова е втора […]

Белград на мапата на високата мода. Готје гостува со модна изложба на венчаници


Србија– Со толку многу свадби одложени заради пандемијата, изложбата што ќе се отвори во Белград подоцна овој месец, добива дополнителен „стрес“ што ја следи секоја свадба. “Love Is Love: Wedding Bliss for All à la Jean Paul Gaultier”  става во фокусот 38 венчаници од висока мода создадени од дизајнерот помеѓу 1990 и 2020 година, вклучувајќи осум […]

Косовската претседателка Вјоса Османи позитивна на Ковид-19


Косово– Вршителката на должноста претседател на Косово и претседателка на косовското Собрание, Вјоса Османи е заразена од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави самата Османи преку нејзината сттраница на Фејсбук, каде што наведе дека, поради контакт со блиски кои се заразени од корнавирусот, го извршила тестирањето и резултатот бил позитивен. Османи […]