Макрон позитивен на коронавирус


Франција – Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирусот, соопшти Елисејската палата. Според прес-службата на француското претседателство, шефот на државата ќе биде во изолација во следните седум дена. – На претседателот на Републиката му е дијагностициран Ковид-19. Во согласност со сегашните санитарни правила што се применуваат за сите, шефот на државата ќе биде изолиран седум дена. Тој […]

Во продажба книгата-сценарио „Аферата Мис Стон“ на Дарко Митревски


Oд денеска во трафиките низ земјава може да се купи книгата-сценарио на Дарко Митревски „Аферата Мис Стон“   Боже мили! Што е тоа Македонија?, вели државниот секретар на Теодор Рузвелт на веста дека таму во некоја далечна пустелија е киднапирана американска мисионерка. Но никој нема претстава што се прави во вакви ситуации – затоа што […]

Најдобриот европски филм „Уште една тура“ на репертоарот во кино „Милениум“


Од денеска (17 декември) филмот „Уште една тура“ во режија на Томас Винтерберг се наоѓа на репертоарот на кино „Милениум“. Филмот освои вкупно четири награди на Европските филмски награди, меѓу кои и главната за најдобар филм, за најдобар режисер, најдобар актер за Мадс Микелсен и за најдобро сценарио. „Постои теорија дека треба да бидеме родени […]

Вашингтон пост: Бајден треба да го признае успехот на Трамп за реализацијата на брза и безбедна вакцина 


САД – Администрацијата на претседателот Доналд Трамп преговара со „Фајзер“ за испорака на дополнителни десетици милиони вакцини против Ковид-19 во втората половина на 2021 година, јави денеска Њујорк тајмс.   Вашингтон пост, пак, наведува дека новоизбраниот претседател Џо Бајден треба да го пофали Трамп за операцијата „Ворп спид“ и за успешниот старт на вакцинацијата во САД. […]

Помпео во карантин по средба со заразено лице  


САД– Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, имал контакт со лице со позитивен тест за коронавирус и затоа оди во карантин, јави денеска портпарол на Стејт департментот.  -Беше утврдено дека Помпео бил во контакт со некој кој се тестирал позитивно на Ковид. Поради лични причини, нема да го идентификуваме лицето. Државниот секретар направи тест и тој […]

Форбс: Кајли Џенер е најплатена славна личност во 2020


САД- Со заработка од 540 милиони долари, бизнисменката Кајли Џенер е прогласена за најплатена славна личност од страна на Форбс за 2020-та, а на второто место, веднаш после неа, се наоѓа Канје Вест, зетот од сестра ѝ Ким,  со заработка од 170 милиони долари. Претходно, економскиот магазин ja смести Кајли на листата со милијардери, но […]

Форбс: Федерер е спортистот со најголема заработувачка во 2020


САД– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се најде на третото место на листата на славни личности со најголема заработка за 2020 година, според магазинот Форбс. 20-кратниот освојувач на Грен Слем трофеи заработил 106,3 милиони долари оваа година и остана само зад претприемачката Кајли Џенер (590 милиони долари) и музичарот Канје Вест (170 милиони долари). Интересно е […]

Пит Бутиџиџ – прв јавно деклариран хомосексуален министер во САД


Од конкурент до член на владата на Џо Бајден – Пит Бутиџиџ, порано и самиот аспирант во борбата за Белата куќа, веројатно ќе преземе не толку престижен, но важен ресор Бутиџиџ се смета за надоаѓачка ѕвезда и талент во Демократската партија. Во кабинетот на Бајден веројатно ќе води не толку престижен, но важен ресор. Новоизбраниот американски […]

За 47 отсто е намален бројот на сообраќајки со тешки повреди во државата


Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Велес, при што се санкционирани 91 возачи, меѓу кои 11 за возење без возачка дозвола, 14 за управување со нерегистрирано возило, а санкционирани се и седум возила што вршат јавен превоз, соопшти портпаролот […]

Најсиромашните земји вакцината ќе ја добијат дури во 2024 година


Швајцарија – Програмата Ковакс на Светската здравствена организација е главната глобална шема за вакцинирање на луѓето во земјите со ниски и средни примања ширум светот против коронавирусот и има за цел до крајот на 2021 година да достави најмалку две милијарди дози вакцини, покривајќи 20 проценти од најранливите земји, главно во Африка, Азија и Латинска Америка. […]

Утре почнува ски-сезоната на Попова Шапка


Со целодневно бесплатно ставање во функција на ски-лифтовите, Попова Шапка утре ја отвора скијачата сезона. Работата на ски-лифтовите ќе почне од 9.00 часот. Ланскиот сезонскиот ски-билет ќе важи и оваа скијачка сезона, а останатите билети остануваат со иста цена. Новина е можноста за туристички разглед со снеготапкач. -Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено […]

Македонскиот филм „Стела“ ќе го отвори најголемиот регионален фестивал за деца „КИДС ФЕСТ“


По големиот успех постигнат во Северна Македонија, филмот  „Стела“ продолжува со интернационални успеси. Најголемиот регионален фестивал за детски филмови „КИДС ФЕСТ“ ќе го отвори годинешното издание со бесплатна проекција на филмот „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, денеска во киното „Комбанк Дворана“ во Белград, што укажува на среќен почеток на уште едно издание на фестивалот. […]

Филмот „Улиште“ ќе се натпреварува за гран-при на Фестивалот „Санденс“


Долгометражниот игран филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, влезе во главната интернационална натпреварувачка програма на 38. филмски фестивал во „Санденс“. Фестивалот ќе се одржи од 28-ми јануари до 3-ти февруари следната година во Парк Ситу, Јута, во САД. Овој фестивал е во организација на „Санденс“ институтот, основан од страна на актерот Роберт Редфорд. Целта е […]

Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност


Во Музејот на современата уметност во Скопје, од утре, па сѐ до 28 февруари 2021 година, ќе биде поставена ретроспективна изложба на Јован Шумковски насловена „Вода/Ѕид“. Како што информираат од музејот, ретроспективната изложба го прикажува делото на еден од најзначајните и највлијателни македонски уметници, чија што речиси четири децениска уметничка практика ја дефинира постојан истражувачки […]

Новиот албум на Влатко Стефановски е најпродаван албум во Хрватска


Новиот албум на Влатко Стефановски – Taftalidze Shuffle, во издание на Croatia Records, се најде на врвот на официјалната листа на продажба на албуми во Хрватска. На новиот албум Влатко е придружуван од подмладеното трио. Во новата ритам секција членуваат басистот Иван Кукиќ, како и неговиот син Јан Стефановски на тапани. Албумот е сниман во […]

„Лице в лице“ заедно со „Преспав“ ја започна кампањата „Посреќна 2021! за сите“


Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ која има за цел да ги приближи своите читатели, ја стартува кампањата преку која ги повикува поддржувачите да станат членови на дигиталната „Лице в лице“ заедница и заедно да се движат кон промените во 2021 година. Како што информираат од  тимот на „Лице в лице“ преку веб платформата […]

Кој може да загуби од Брегзит без договор?


Британскиот премиер Борис Џонсон првпат призна дека е „многу, многу веројатно“ оти Велика Британија ќе се раздели од ЕУ без договор, пишува Дојче Веле во прилог за тоа кој се и колку може да загуби во случај на Брегзит без трговски договор меѓу Лондон и Брисел. Досега Џонсон секогаш зборуваше за моделот на „австралискиот договор“ […]

Нови 881 случај со Ковид-19, починати 22, оздравени 806 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 случај со Ковид-19 во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19. Починати се 22 лица, седум пациенти од […]

Кој е Бојан Лазаревски, новиот в.д. директор на Агенцијата за филм?


Со Агенцијата за филм ќе раководи Бојан Лазаревски, реши Владата на денешната седница. Лазаревски беше член на Управниот одбор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година, а на оваа позиција доаѓа од работното место раководител на партнерска мрежа составена од кредитни посредници, кои како алатка ги користат услугите на наменските кредити кон крајните […]

Бајден претседателската заклетва ќе ја полага пред Капитол


САД– Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, и потпретседателката Камала Харис на 20 јанаури заклетвата ќе ја полагаат пред зградата на Капитол, соопшти денеска неговиот комитет за инаугурација. Планерите на инаугурацијата на Бајден се обидуваат во организацијата на настанот да ги усогласат традиционалната церемонија и почитувањето на безбедносните мерки заради епидемијата на коронавирусот. Изборниот колеџ ноќеска […]