Помпео во карантин по средба со заразено лице  

САД– Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, имал контакт со лице со позитивен тест за коронавирус и затоа оди во карантин, јави денеска портпарол на Стејт департментот. 

-Беше утврдено дека Помпео бил во контакт со некој кој се тестирал позитивно на Ковид. Поради лични причини, нема да го идентификуваме лицето. Државниот секретар направи тест и тој е негативен. Според препораките на ЦДЦ (државниот Центар за превенција на заболувањата), тој оди во карантин, изјавија од Стејт департментот. 

Се додава дека Помпео е постојано прегледуван од медицинскиот тим на департментот.