Нови 881 случај со Ковид-19, починати 22, оздравени 806 пациенти

Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 случај со Ковид-19 во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (81, 64, 80, 81, 77, 64 и 70 г), тројца од Куманово (70, 97 и 94 г), еден од Прилеп (75 г), двајца од Струга (74 и 69 г), еден пациент од Битола (60 г), двајца од Охрид (65 и 83 г), еден од Гевгелија (67 г), еден од Гостивар (73 г), еден од Кочани (68 г), еден од Пробиштип (46 г), еден од Берово (80 г) и еден пациент од Виница (77 г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-247, Куманово-53, Штип-34, Прилеп-69, Тетово-3, Струга-19, Велес-32, Битола-64, Охрид-43, Кавадарци-41, Гостивар-49, Гевгелија-13, Струмица-1, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-14, Пробиштип-8, Демир Хисар-5, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-11, Валандово-1, Делчево-12, Кратово-1, Свети Николе-12, Кичево-20, Ресен-12 и Неготино-20.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 74732, бројката на оздравени пациенти е 50852, на починати е 2169, а бројот на активни случаи изнесува 21711. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 32310, активни 11492
• Куманово 4325, активни 623
• Дебар 563, активни 166
• Штип 3089, активни 420
• Прилеп 3729, активни 877
• Тетово 4443, активни 1005
• Струга 1808, активни 443
• Велес 2473, активни 651
• Битола 2688, активни 812
• Охрид 2072, активни 576
• Кавадарци 1739, активни 611
• Гостивар 3116, активни 786
• Гевгелија 955, активни 281 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 162 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2042, активни 602
• Крива Паланка 532, активни 121
• Радовиш 528, активни 124
• Крушево 150, активни 71
• Кочани 1452, активни 259
• Пробиштип 412, активни 62
• Демир Хисар 223, активни 44
• Македонски Брод 201, активни 32
• Пехчево 120, активни 19
• Берово 453, активни 94
• Валандово 254, активни 54
• Виница 419, активни 120
• Делчево 613, активни 289 (174 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 174, активни 26
• Свети Николе 981, активни 185
• Кичево 1458, активни 339
• Ресен 567, активни 170
• Неготино 843, активни 357 (133 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2902 теста се преку: ИЈЗ-535, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-349, Биотек-216, МАНУ -220, Клиника „Жан Митрев“ -191, Систина со PCR метода -227, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-31, Инфективна клиника-9, ГАК-21, Синлаб-42, Ремедика-37, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -865, УК Пулмологија со алергологија –7. Досега во земјата се направени вкупно 368.502 тестирања на Ковид -19.