Совет за култура: Пет приоритетни области преку кои ќе се спроведуваат реформите во културата


Советот за култура предводен од претседателката Ганка Цветанова, одржа седница на која беше разгледана Нацрт-Стратегијата за развој на културата за периодот 2026–2030 година. На седницата членовите на Советот дискутираа за содржината на документот, неговите приоритети и насоките за идниот развој на културниот систем во државата. Националната стратегија за развој на културата претставува клучен стратешки документ […]

Алкараз ја започна сезоната со 15 победи по ред


Индијан Велс – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до четвртфиналето во Индијан Велс. Тој ноќеска го победи Каспер Руд во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс со 6:1 и 7:6(2). Алкараз ја продолжи својата серија без пораз на 15 натпревари на почетокот од сезоната 2026. Тој освои титули на Австралија опен и во Доха, а […]

Кинотека дел од меѓународниот Erasmus+ проект


Кинотеката е дел од меѓународниот проект „Vintage Home Film and Video Formats for Intercultural Learning (ILMovie)” од програмата Erasmus+, насочен кон унапредување на интеркултурното образование и развојот на вештини преку користење на архивски аудиовизуелни материјали. Покрај Кинотеката, во проектот „ILMovie“ се вклучени и организации од Бугарија, Албанија и Црна Гора, со цел да се развијат […]

Утре на 48 часа се затвора обиколницата кај Солун заради градежни работи


Сообраќајната полиција во Солун најави целосен прекин на сообраќајот во двата правци на источната внатрешна обиколница во траење од 48 часа, поради градежни активности. Според информациите од грчките власти, сообраќајот ќе биде затворен од петок, 13 март во 23 часот, до недела, 15 март во 23 часот. Прекинот ќе се однесува на делницата меѓу клучките […]

Линдзи Лохан се врати во Њујорк откако избега од Дубаи


Линдзи Лохан е забележана со својот сопруг Бадер Шамас и нивниот син, Луаи, во Њујорк откако избегаа од Дубаи. Веста доаѓа откако TMZ минатата недела објави дека Лохан и нејзиното семејство се безбедни по одмаздничките напади врз ОАЕ, Кувајт и Саудиска Арабија, кои започнаа откако САД и Израел заеднички го нападнаа Иран на 28 февруари. […]

Нетфликс ќе плати 600 милиони долари за фирмата за вештачка интелигенција на Бен Афлек


Netflix Inc. ќе плати дури 600 милиони долари за InterPositive, компанијата за снимање филмови со вештачка интелигенција основана од Бен Афлек, според луѓе запознаени со ова прашање, што ја прави купопродажбата една од најголемите досега од страна на лидерот во стриминг. Вистинската цена, платена во готово, била помала, рекоа луѓето, кои побараа да не бидат […]

ИЕА: Војната со Иран предизвика најголемо нарушување на снабдувањето со нафта во историјата


Војната на Блискиот исток предизвика најголемо нарушување на снабдувањето со нафта во историјата на глобалниот пазар, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Во својот последен месечен извештај за пазарот на нафта, ИЕА изјави дека конфликтот во регионот веќе сериозно влијае на глобалните снабдувања со енергија. „Војната на Блискиот Исток создава најголемо нарушување на снабдувањето во […]

Промоција на романот „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ


Во Спомен-собата на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ вечерва во 19 часот ќе се одржи промоцијата на најновиот роман „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ. „Повратник со две лица“ отвора сериозни егзистенцијални, морални и филозофски дилеми. Тоа е приказна за сеќавањето, помирувањето со загубата и простувањето, како и за вечната човекова потреба да се најде […]

Турција останува безбедна туристичка дестинација: Побарувачката за аранжмани е висока, патувањата и летовите се одвиваат нормално


Министерството за култура и туризам на Република Турција и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на државата (ТГА), информираат дека туристичките активности низ целата земја се одвиваат целосно нормално и вообичаено, а побарувачката за патувања во Турција останува на исклучително високо ниво. И покрај засиленото медиумско известување за конфликтот во одредени делови од поширокиот […]

Саемот на мебел 2026 со нови трендови, попусти и олеснето финансирање


Саемот на мебел 2026 и годинава ќе ги обедини производителите, дистрибутерите и брендовите од индустријата, носејќи нови идеи и можности за сите љубители на уредувањето на домот. Под мотото „Инспирација за секој дом“, од 25 до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“, со поддршка на партнерот Комерцијална банка АД Скопје, посетителите ќе можат да изберат […]

Славниот готвач Рене Реџепи се повлече од „Нома“ поради обвинувања за злоставување


Тетовецот Рене Реџепи се повлече од улогата главен готвач во светски познатиот ресторан „Нома“ во Копенхаген поради обвинувања за злоставување. Реџепи ја објави својата одлука на социјалните мрежи. „По повеќе од две децении градење и водење на овој ресторан, решив да се повлечам и да им дозволам на нашите извонредни лидери да го водат ресторанот […]

„Тиквеш“ прогласен за најдобар производител на вино од Македонија на престижниот Mundus Vini


Високите стандарди во создавањето вина, децениската посветеност на квалитетот и континуираните успеси на меѓународната сцена донесоа значајно признание за винарската визба „Тиквеш“, која ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“, на престижниот вински натпревар Mundus Vini. „Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на Mundus Vini […]

На 58 години во Еквадор почина актерот Кирил Поп Христов – Кили


На 58-годишна возраст во Еквадор од инфаркт во сон почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Кирил Поп Христов, потврди семејството. Тој во последните 12 години живееше во Еквадор.Иако често доаѓаше во Скопје, последната година не се вратил во земјава.Кили ќе почива во Мангларалто, покрај океанот.  Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал […]

Барбара Стрејсенд ќе добие почесна „Златна палма“ во Кан


Кан – Наградуваната глумица, режисерка и кантавторка Барбара Стрејсенд ќе добие почесна „Златна палма“ за животно дело на 79. Кански филмски фестивал во мај, објавија организаторите. Во кариерата што трае шест десетлетија, Стрејсенд (83) глумеше во низа признати филмови, вклучувајќи ги тука „Забавна девојка“ (Funny Girl, 1969), „Тоа што бевме“ (The Way We Were, 1973) и […]

Дрејпер го елиминираше Ѓоковиќ во епски меч – и ќе се соочи со Медведев на Мастерсот во Индијан Велс


Индијан Велс–  Британскиот тенисер Џек Дрејпер ноќеска во епски меч го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс – 4:6, 6:4, 7:6 (7:5). Дваесет и четиригодишниот Британец сервираше 13 аса, направи 5 двојни грешки и реализираше 3 од 7 брејк топки.  Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ имаше 4 аса, 2 двојни […]

Tреба да има фер цени на производите, не и ново зголемување, вели Мицкоски


Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и оти не треба да има ново зголемување, информираше премиерот Христијан Мицкоски  по средбата што се одржа попладнево во Владата.   Преку објава на социјалните мрежи, премиерот нагласува дека нема да дозволат отстапувања и профитерство. -Имав средба со големите маркети. Активно ја […]

Бред Пит на 62 години изгледа неверојатно, хирург тврди дека знае зошто


Познатиот пластичен хирург Тери Даброу смета дека Бред Пит и на 62 години може да и се заблагодари на својот младешки изглед на таканаречената „женска убавина“. Зборувајќи за изгледот на познатиот актер и шпекулациите за козметичките процедури, д-р Даброу ја претстави својата теорија за подкастот misSpelling. Пофалби, но и сомнежи “Ако има некој кој воопшто […]

Шефот на Пентагон потрошил милијарди долари на јастози, шницли, мебел, клавир…


Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави потроши повеќе пари минатиот септември отколку во која било година од 2008 година, но голем дел од таа сума не отиде на она што може да се смета за критична воена потрошувачка. Според анализата на организацијата Open the Books, само во септември, последниот месец од фискалната 2025 година, […]

Трамп и Епштајн во сцена од „Титаник “ на Националниот плоштад во Вашингтон


Вашингтон – Во центарот на американската престолнина се појави несекојдневна и провокативна уметничка инсталација која веднаш го привлече вниманието на јавноста и медиумите. На 10 март на Националниот плоштад во Вашингтон беше откриена златна статуа на која се претставени американскиот претседател Доналд Трамп и финансиерот Џефри Епштајн во сцена која потсетува на познатата сцена од […]

Мистерија во Израел: Каде исчезна Нетанјаху?


Тел Авив – Одредени медиумски извори на хебрејски јазик започнаа со шпекулации за можна повреда или дури и смрт на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на наводите кои се шират на социјалните мрежи и одредени интернет портали во последните денови. Причина за ваквите шпекулации, како што се наведува, е […]