„Дента кога наполнив 45“ – нова песна на „Нокаут“ и Брејк
„Дента кога наполнив 45“ е новата песна на „Нокаут“ со Дарко Гелев-Брејк. Од бендот велат дека оваа песна е приказна за нештата со кои се судира секоја зрела личност по 45. година.
„Нокаут“ ќе прослави 30 години на сцената со концерт на 9 мај во салата „Јане Сандански“. Гости ќе бидат Игор Џамбазов, Дарко Гелев-Брејк, „Дупер“, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиноски и други. Билетите се продаваат преку мрежата на wayin.mk.