Во Анкара средба Ердоган – Руте зад затворени врати


Анкара – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

– Средбата на која присуствуваа и министрите за надворешни работи и за одбрана, Хакан Фидан и Јашар Ѓулер, како и главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, Акиф Чагатај Калач, се одржа зад затворени врати.

Посетата на Руте на Анкара е пред планираниот самит на НАТО во Турција, што треба да се одржи на 7 и 8 јули.

Претходно Руте го посети седиштето на турската одбранбена компанија „Аселсан“ и ја пофали „револуцијата во турската одбранбена индустрија.

– Соочени со огромните опасности, пред кои се наоѓаат земјите од НАТО, мора да продолжиме по овој пат произведувајќи и иновирајќи уште повеќе и уште побрзо. Ова се системи за воздушна одбрана, беспилотни летала, муниција, радари, вселенски капацитети и многу повеќе што ќе нè заштитат. Вие развивате најсовремени технологии … и тоа е она што ни треба – истакна Руте.

Тој истакна и дека „НАТО е подготвен за вакви закани и секогаш ќе направи она што е потребно за да ја одбрани Турција и сите други земји членки“.