Албанија на прагот на епидемија на грип, се зголемува бројот на заразени, болниците се полни


Албанија– Институтот за јавно здравје на Албанија попладнево соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела овој број е зголемен за 2.000 заразени. – Но, ова е само бројка на оние кои побарале лекарска услуга, бидејќи многу луѓе заболени од вирусот на грип не одат […]

Зголемен бројот на туристи и на ноќевања


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесувал 56 886, од кои 36.2 % се домашни, а 63.8 % странски туристи.   Во ноември се евидентирани и 124 969 ноќевања, од кои 40.6 % се од домашните туристи, а 59.4 % од странските.   Во периодот јануари – […]

Платини можен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Франција


Франција– Поранешниот челник на УЕФА и прославен француски фудбалер Мишел Платини е потенцијален кандидат за позицијата претседател на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), на која вчера привремено беше назначен Филип Диало по оставката на долгогодишниот прв човек на францускиот фудбал Ноел Ле Грет. Ова денеска го објавија неколку германски и француски медиуми, при што весникот […]

Во Грција потврдени првите случаи на новиот сој „Кракен“


Во Грција се потврдени шест случаи на новиот сој на коронавирусот ХББ.1.5, познат под името „Кракен“. Според Националната организација за јавно здравје на Грција, сите случаи, што воедно се и првите потврдени во земјата, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина. 

Убиецот од „Рузвелтова“ во Скопје сакал да си го убие и чичкото


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела „убиство“. Како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, во семејниот дом на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот ги лишил од живот сопствената мајка и баба, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. […]

Градоначалникот на Лондон вели дека Брегзит не функционира


Англија– Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска ќе ја повика британската влада да ја признае „огромната штета“ предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија и да признае дека Брегзит не функционира. – По две години негирање и избегнување, сега мораме да се соочиме со тешката вистина: Брегзит не функционира, вели Кан, долгогодишен противник […]

Oдбележани 15 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце


Со едноминутно молчење и полагање на свежо цвеќе, на спомен-обележјата кај катлановско Блаце и пред Командата на воздухопловниот Винг во Петровец, денеска се одбележаа 15 години од хеликоптерската несреќа, кога трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот Винг, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА. – На спомен-обележјето во катлановско Блаце, покрај членовите на семејствата […]

Комеморација за Катерина Крстева: Саканата Мара Попара, нашата Кате, уште долго, долго ќе се спомнува


Отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева се одржа денеска во НУ Македонски народен театар. Членови од семејството, блиски пријатели, колеги и познаници ѝ оддадоа почит на актерката. – Да се кажат прошталните зборови во името на фелата, колегите, пријателите, обожавателите за еден театарски човек, за една шармантна актерка, за една жена полна со […]

Златен глобус 2023: Дијамантите се најдобри пријателки на ѕвездите (фото)


САД- „Златен глобус“ не е Ноќ на Оскарите, но, најдобрите во Холивуд во Беверли Хилтон во Лос Анџелес се појавија и се покажаа со најпрефинетиот накит на црвениот тепих на 80-доделување на наградите на Здружението на акредитирани новинари во Холивуд. Имаше многу блескави дијамантски ѓердани, многу сјај и гламур. Како што модните дизајнери се натпреваруваа […]

Австралија опен дозволи настап и на тенисери заразени од Ковид-19


Австралија– В понеделник започнува првиот Грен слем турнир во 2023 година – Австралија опен. Тенисерите и тенисерките кои ќе настапат во Мелбурн нема да мораат да се тестираат на Ковид-19 и ќе можат да играат дури и ако се заразени со вирусот, објави организаторот. Првиот човек на Австралија опен рече дека оваа година здравствената состојба […]

Скопје на 6. место по трошоци за живот во Западен Балкан


Тирана, главниот град на Албанија, е третото најскапо место за живеење на Западен Балкан, по Будва и Белград, покажа извештајот на Numbeo 2023 за животните трошоци. Потоа доаѓаат Сараево, Подгорица, па Скопје каде трошоците за живот се со индекс од 36,8 отсто, додека индексот на најскапиот Базел е 127. Од Скопје, поефтини се Ниш, Тузла и Приштина […]

Англиското издание на мемоарите на принцот Хари продадено во над 1,4 милиони примероци


Англија– Мемоарите на британскиот принц Хари, со прилично остри критики кон британското кралско семејство, со својата продажба надмина 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик, објавија издавачите. Издавачката куќа „Пенгвин рендом хаус“ објави дека продажбата на автобиографијата на Хари, „Spare“ во сите облици на објави (печатен, аудио и на интернет) е […]

Во Србија потврдени први случаи на мали сипаници


Србија– Во српскиот град Смедерево потврдени се првите случаи на заразени со мали сипаници. Болеста е откриена кај три деца на возраст до 1,5 години и кај едно возрасно лице. Нивната здравствена состојба засега е добра. – Во референтната лабораторија на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ е потврдено присуство на морбили кај четири лица од територијата на […]

Во Русија првпат регистриран сојот Кракен


Русија- Новиот подвид на Омикрон, Кракен, првпат е откриен во Русија, соопшти денеска Руската државна служба за заштита на потрошувачите и благосостојба на граѓаните (Роспотребнадзор). Првиот случај на инфекција со сојот XBB. 1.5 е потврден во регионот на Пенза при секвенционирање на геномот на коронавирусот, се наведува во соопштението на „Роспотребнадзор“. Кракен првпат е регистриран на 22 октомври во Њујорк и оттогаш се прошири […]

Над 90 проценти од Европејците се загрижени поради зголемените трошоци за живот


Белгија – Зголемувањето на трошоците за живот е најголемата грижа за 93 отсто од Европејците, покажува најновото истражување на Евробарометар изработено за Европскиот парламент. Анкетата покажува дека поддршката за ЕУ останува стабилна и висока, при што граѓаните очекуваат Унијата да продолжи да работи на решенија за ублажување на ефектите од кризите. Во секоја земја-членка на ЕУ, […]

Пренесени 389.526 броеви во мобилните мрежи, 196.963 во фиксните, јавна расправа за Правилникот


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска отвори јавна расправа за Предлог правилникот за измена на Правилникот за преносливост на броеви.  Од почетокот на опцијата за преносливост на  броеви што стартуваше во септември 2008 година заклучно со 30 јуни 2022 година, се регистрирани 389.526 пренесени броеви во мобилната телефонија, а во фиксната  196.963. Промената во Правилникот […]

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи


Хрватска – Хрватскиот министер за труд, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, соопшти дека од 2012 година досега се посвоени 131 дете од ДР Конго, а ниту едно семејство не било под надзор на надлежниот Центар за социјална заштита. За актуелниот случај со апсењето четири брачни парови од Хрватска во Замбија, осомничени за можна трговија […]

Зоран Анчевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Коњски житија“


Македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис за 2022 година, за делото „Коњски житија“, на конкурсот на центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Поемата „Коњски житија“, која пристигнала под шифра „Џамбаз“, на состанокот на жири-комисијата во декември минатата година, едногласно била одрбана меѓу […]

Не е опасен ама прави други проблеми- српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ за новиот сој на коронавирусот


Сѐ уште се чека официјална потврда за тоа дали новиот сој на коронавирусот „кракен“ пристигнал во Србија, а српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ веќе ги откри сите информации околу оваа варијанта. Сојот на коронавирусот XBB.1.5 ја загрижи Светската здравствена организација, која го прогласи за најзаразната подваријанта на ковидот што е некогаш откриена. Експертите го нарекоа „кракен“, […]

Со донација од ОКТА, корисниците од Здружението „За тебе“ ќе се стекнат со возачки дозволи


Десет корисници, членови на Здружението „За тебе“ („4U“) ќе се стекнат со возачка дозвола преку донација од ОКТА АД – Скопје, со што ќе ги унапредат своите професионални вештини и ќе ги зголемат своите можности за вработување. Младите кои ќе ги користат средствата обезбедени од компанијата за оваа намена се полнолетни лица, кои растеле во […]