Принцезата Шарлин ја откажа прославата за 45. роденден- принцот Алберт пак се зарази со Ковид


Монако- Таа денеска го слави својот 45-ти роденден, но ниту најважниот ден на најтажната принцеза на светот не можеше да помине без драма. Шарлин од Монако мораше да ја откаже прославата што ја планираше, бидејќи нејзиниот сопруг Алберт од Монако се разболе од коронавирус. И тоа по трет пат во три години. Владетелот на Монако беше првиот светски државник кој се зарази со корона вирусот на самиот почеток на пандемијата, во март 2020 година, а вторпат беше заразен во април минатата година.

Според официјалното соопштение од палатата, пациентот се чувствува добро, симптомите засега се многу благи, па обврските ги извршува од дома. Додуша, тој мораше да ги откаже сите протоколарни обврски до понатамошно известување, вклучително и оние по повод празнувањето на заштитникот на кнежевството, кој се слави во Монако на 27 јануари.