УНЕСКО го прогласи историскиот дел на Одеса за светско наследство во опасност


Франција– Агенцијата на Обединетите нации за култура – УНЕСКО денеска соопшти дека го прогласила Историскиот округ Одеса за светско наследство во опасност.

Британските медиуми наведуваат дека  се очекува статусот да придонесе за заштита на културното наследство и да обезбеди пристап до финансиска и техничка меѓународна помош за Одеса, град во јужна Украина што постојано беше бомбардиран од Русија од февруари минатата година, кога почна конфликтот меѓу двете земји.

Во бомбардирањето во јули 2022 година, беше уништен дел од големиот стаклен покрив и прозорците на Музејот за ликовни уметности во Одеса, што беше отворен во 1899 година.