Ана де Армас: „Русокоса “ ѝ донесе номинации за „Оскар “ и за „Златна малина“


САД- Речиси тричасовниот еп е заснован на дело од биографска фикција на Џојс Керол Оутс кој е приказ на јавниот и приватниот живот на холивудската икона од нејзиното проблематично детство како Норма Џин до нејзината светска ѕвезда како Мерлин Монро, ѝ донесе слава и проклетство за кубанската актерка Ана де Армас, актуелна со филмовите „Џејмс Бонд 007: Не е време за умирање“ и еротскиот трилер „Длабока вода“ во којшто глумеше покрај поранешното момче Бен Афлек. 

Филмот кој лани имаше светска премиера на 79.Меѓународен филмски фестивал во Венеција,  „Русокосата“ („Blonde“), прво беше најочекуван филм за потоа да биде најнапаѓан филм заради лошото светло во кој ја отсликува најголемата секс бомба на Холивуд. 

Па така, еден ден откако наградите „Златна малина“  ги објавија номинациите за „најлошите“ холивудски остварувања и изведби во 2022 година, беа објавени номинациите за 95. Оскарите. Иако Blonde имаше 8 номинации за „Златна малина“ и како најлоша актерка,  Ана де Армас освои номинација за Оскар  за главна женска улога и ќе се бори за Oскарот заедно со Кејт Бланшет („Тар“), Андреа Рајсборо („За Лесли“), Мишел Вилијамс („Фабелманови“) и Мишел Јео („Сè секаде одеднаш“) .