Најубавите познати мажи според формулата Фи


Англија- Ѕвездата на „Бриџертон“, Реге-Жан Пејџ е прогласен за најубав маж на светот денес, според древнохеленската формула Фи. Според тоа, 34-годишниот глумец има 93,65 отсто од машкото физичко „совршенство“.

– Овие сосем нови техники за компјутерско поклопување ни овозможуваат да решиме некои од најголемите мистерии за тоа што ја прави личноста физички убава, а технологијата, исто така, е корисна во планирањето на операциите на пациентите, изјави британскиот естетски хирург д-р Џулијан де Силва за „Дејли мејл“ (Daily Mail).

Древногрчкиот „златен просек“ на убавината била особено популарна и во европската ренесанса. Уметниците и архитектите ја користеле оваа равенка за да создадат ремек-дела. Соодносот може да се примени на сè, па и Леонардо да Винчи го употребил и во своето познато дело „Витрувиевиот човек”.

Следат најубавите мажи според формулата Фи.

Регерерај (Реге-Жан) Пејџ – 93,65 отсто

– Тој има класично „убаво лице“ и прекрасни кафеави очи. Неговите совршено обликувани усни исто така постигнаа високи резултати, а единствената помала оценка што ја постигна беа ширината и должината на неговиот нос, појасни д-р Де Силва.

Крис Хемсворт – 93,53 отсто

– Тој го има оној старомоден гламур на холивудските ѕвезди од минатото, а тоа добива многу високи оценки кога се мери класичната убавина, вели авторот на истражувањата.

Мајкл Б. Џордан – 93,46 насто

– Овој глумец, Мајкл Б. Џордан за малку го пропушти второто место и имаше најдобри резултати за ширината и должината на носот, а е втор најдобар со брадата, откри естетскиот хирург.

Хари Стајлс – 92,3 отсто

Пејачот е четврти во оваа листа и постигна речиси совршени 99,7 насто за брадата, а е втор најдобар по растојанието меѓу очите.

– Не е изненадување што стана филмски срцекршач и пејачка суперѕвезда, вели Да Силва.

Џуд Белингем – 92,22 отсто

Фудбалерот доби највисоки оценки за речиси совршениот сооднос меѓу усните и носот.

Роберт Патисон – 92,15 отсто

– Само неговите усни се под просекот, бидејќи се мали и рамни, нагласува истражувачот.

Крис Еванс – 91,92 отсто

Оваа холивудска ѕвезда е веќе прогласена за најсекси маж на светот во 2022 година според магазинот „Пипл“ (People). А во овој избор тој се искачи високо поради неговите „совршени контури на лицето“ и положбата на очите.

Џорџ Клуни – 89,91 отсто

– Тој сè уште е исклучително убав маж, но имаше губење на волуменот на лицето и – неизбежните брчки околу очите, појасни стручњакот.

Хенри Голдинг – 87,98 отсто

Малезиско-британскиот актер и водител Голдинг доби високи оценки за обликот на брадата и растојанието меѓу очите. Глумецот-срцекршач го имаше своето деби во филмот „Луди богати Азијци“ од 2018 година, а глумеше и во „Последниот Божиќ“, „Змиски очи“ и „Настојчивост“.

Двејн Џонсон – нешто под 90 отсто

Карпата – „Д Рок“ Двејн Џонсон е вториот највозрасен човек на овој список, по Џорџ Клуни. Д-р Да Силва смета дека „тој прекрасно старее“ и доби добри оценки за обликот на усните и растојанието меѓу усните и носот.

Најпривлечните делови на лицето имаат: Роберт Патисон – нос (94,7 отсто), Хари Стајлс со своите очи (98,4 отсто), Крис Еванс – усни (98,8 отсто), Стајлс – брада (99,7 отсто), повторно Патинсон со цртите на лицето (93,6 отсто) и Крис Хемсворт со обликот на лицето (96 отсто). 

(МИА)