Астероид со големина на камион вечерва поминува многу блиску до Земјата


САД – Астероид со големина на камион треба да помине покрај Земјата вечерва во една од најблиските средби со небесни тела досега, објави „Ју-Ес-Еј тудеј“.

НАСА во средата соопшти дека не постои ризик астероидот со име 2023 BU да удри во Земјата.

Се очекува да помине околу 3.500 километри над јужниот дел на Јужна Америка, што е околу 10 пати поблиску од некои комуникациски сателити.

Дури и да постои ризик од удар на астероид на Земјата, „тоа би се претворила во огнена топка и ќе се распадне во атмосферата, но некои поголеми парчиња потенцијално би можеле да паднат како помали метеори“, додава НАСА.

Астероидот вечерва во 01:27 часот ќе биде најблиску до Земјата, а го откри аматерскиот астроном Генадиј Борисов од опсерваторијата на Крим.