Заев: Уверени сме дека оваа година ќе почнеме преговори за членство со ЕУ


По денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел уверени сме дека оваа година започнуваме преговори за членство со Европската Унија. Канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното, следува позитивна согласност на Бундестагот во септември за прифаќање на препораката на Европската Комисија за почеток на преговори, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Берлин. – Со канцеларката …

Заев: Уверени сме дека оваа година ќе почнеме преговори за членство со ЕУ Read More »

Се реконструира дел од „Партизанска“


Екипите на Град Скопје ја почнаа реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот „Партизански одреди“ која е една од најфреквентните сообраќајници во градот. Градежните работи за обнова на коловозот ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, на должина од два километра. – На овој дел од булеварот „Партизански одреди“ …

Се реконструира дел од „Партизанска“ Read More »

Презентиран преносен мерач за аерозагадување


Мобилниот инструмент за мерење на параметри на аерозагадувањето – Bluecloud, производ кој е плод на соработката на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и компанијата ИНФОРМ, развиен со финансиска поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој денеска беше презентиран на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. -Оваа алатка …

Презентиран преносен мерач за аерозагадување Read More »

Баша смета дека земјата е во вонредна состојба


Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кусо по обраќањето на премиерот Еди Рама во албанскиот Парламент, оцени дека „земјата е во вонредна состојба“ и обвини дека веќе е „потврдено дека Рама на власт дошол со украдени гласови“. – Албанија е во вонредна состојба, таа оди кон државен удар, со Еди Рама на власт. Повеќе …

Баша смета дека земјата е во вонредна состојба Read More »

(Видео) Наезда на змии на југот на Србија


Во болницата во Лесковац, Србија, во моментот има три лица кои се на лекување поради каснување од змии отровници, јавуваат српските медиуми. Според директорот на болницата, зголемен е бројот на интервенции поради каснувања од змии, односно вопоследните петнаесетина дена имале шест случаи, од кои три биле каснувања од змии отровници. Според него, овие случаи се …

(Видео) Наезда на змии на југот на Србија Read More »

Не се знае колку од општините се самоодржливи или им треба владина „инекција“


Општините да испорачуваат квалитетни, ефикасни и навремени услуги за граѓаните и за фирмите, но и да бидат финансиски самоодржливи, се двата клучни аспекта што ќе се бараат во преговорите за членство во ЕУ во сегментот децентрализација, беше речено на денешната последна од трите регионални конференции „Партнерство за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив развој”. Земјава засега …

Не се знае колку од општините се самоодржливи или им треба владина „инекција“ Read More »

Во студентскиот дом „Стив Наумов“ официјално се отвори обновената читалница


Во студентскиот дом „Стив Наумов“ денеска официјално се отвори обновената читалница, опремената библиотека и уредениот двор. Акцијата што се одржа од 1-ви до 12-ти јуни годинава е во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“ спроведена од страна на Младински образовен форум (МОФ). Целта е уредување на просторот на постоечката читалница и дворот во студентскиот …

Во студентскиот дом „Стив Наумов“ официјално се отвори обновената читалница Read More »

Францускиот Сенат не и изгласаа поддршка на политиката на премиер Филип


Сенатот на Франција, во кој мнозинство има конзервативната опозиција, денеска не и изгласа поддршка на политиката на Владата на францускиот премиерот Едуар Филип, јавува дописникот на МИА. Од вкупно 345 сенатори присутни на гласањето, „за“ поддршка гласаа само 71 сенатор, 93 беа „против“, а 181 беа „воздржани“. Премиерот Филип пред изјаснувањето им се обрати на …

Францускиот Сенат не и изгласаа поддршка на политиката на премиер Филип Read More »

Сообраќајка на патот Кичево-Гостивар, тешко повреден тетовчанец


Товарно возило „Ивеко“ вчера кај селото Колари излетало од патот. На магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, товарно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Т. 44- годишен од Тетово, изгубило контрола и излетало од патот. Сообраќајката се случила вчера во која  со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Т., кој бил пренесен во …

Сообраќајка на патот Кичево-Гостивар, тешко повреден тетовчанец Read More »

РКЕ: Има интерес за изградба на фотоволтаични електрани кои ќе продаваат без повластени тарифи


Четири лиценци за производство на електрична енергија, од кои три се за фотоволтаични електроцентрали што нема да користат повластена тарифа и произведената струја ќе ја продаваат на слободниот пазар и една мала хидроелектрана што има добиено право за користење вода на тендерите што ги организира Министерството за животна средина и просторно планирање, се разгледаа на …

РКЕ: Има интерес за изградба на фотоволтаични електрани кои ќе продаваат без повластени тарифи Read More »

Богдановиќ најавува и кривични за оние кои нема да ги отстранат терасите на кафулињата


Општина Центар деновиве интензивно урива нелегално изградени летни тераси на кафулињата во Дебар М аало, особено на улица „Ленинова“. Покрај отпорот на сопствениците кон уривањето на терасите, Општината продолжува со нивно отстранување, а најавува и дека ќе следуваат поригорозни мерки. „Отпор секогаш на тие непопуларни акции постои. Јас ќе ја искористам оваа прилика да кажам …

Богдановиќ најавува и кривични за оние кои нема да ги отстранат терасите на кафулињата Read More »

Скулптура на гигантски велосипед против крадење велосипеди


Скулптура на гигантски велосипед за подигнување на свеста за проблемот со крадење велосипеди беше поставен денеска во Скопје. Проблемот со крадење велосипеди тангира преку 150.000 граѓани во државата кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство. Проценките се дека изминативе десет години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на скоро секој велосипедист …

Скулптура на гигантски велосипед против крадење велосипеди Read More »

Бугарија бара партнери кај соседите за изградба на Белене, Владата прави анализа


Бугарија има намера да ја гради нуклеарната електрана Белене и ги повикува соседните земји да се вклучат во изградбата што според процените ќе чини повеќе од шест милијарди евра. За таа намена минатиот месец објави јавен повик во службениот весник на Европската Унија за барање стратешки партнер за изградба на Белене со кој ги повикува …

Бугарија бара партнери кај соседите за изградба на Белене, Владата прави анализа Read More »

Меркел – Заев: Берлин ќе даде зелено светло за преговори во септември


Германскиот Бундестаг ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија во септември, согласно утврдените процедури на Германија за прашањата за проширување на Унијата. Ова му го пренела германската канцеларка Ангела Меркел на премиерот Зоран Заев на денешната средба во Берлин. Меркел, како што соопшти владината прес-служба, потенцирала дека Северна Македонија го …

Меркел – Заев: Берлин ќе даде зелено светло за преговори во септември Read More »

Зад „Даре Џамбаз“ нема да никне катна гаража, останува паркчето


Паркчето зад салата „Даре Џамбаз“ во Општина Центар е спасено со одлука на Советот на општината за измена на Деталниот урбанистички план, со што е стопирана изградбата на катна гаража на тоа место. Како што појасни градоначалникот Саша Богдановиќ, Деталниот урбанистички план „Даре Џамбаз“ со последната одлука донесена пред неколку дена од страна на советниците …

Зад „Даре Џамбаз“ нема да никне катна гаража, останува паркчето Read More »

Заев за ФАЦ: ЕУ ни вети – испорачајте вие, ќе испорачаме и ние


Премиерот Зоран Заев, кој е во посета на Германија, во интервју за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ вели дека ЕУ и шефовите на европските држави дале ветување дека доколку се реши спорот со Грција, земјата ќе напредува на патот кон ЕУ. – ЕУ останува голем поттик за нас. Сакаме да се подобриме, како држава и како општество. …

Заев за ФАЦ: ЕУ ни вети – испорачајте вие, ќе испорачаме и ние Read More »

Еден загинат во сообраќајка кај Радовиш


Едно лице загина во сообраќајна несреќа помеѓу камион и автомобил на магистралниот пат Радовиш-Штип. Полицијата соопшти дека во средата, во 15.35 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(52) од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(57) …

Еден загинат во сообраќајка кај Радовиш Read More »

Во Индија пред циклон евакуирани 300.000 луѓе


Индиските власти евакуираа речиси 300.000 луѓе од западниот брег поради многу силен циклон кој се очекува денеска, јавија локалните медиуми. Индискиот Метеоролошки завод наведува дека циклонот Вају, што на хинди јазик значи ветар, би можел само да ја допре западната држава Гуџарат, наместо да ја опустоши, а потоа да се врати во Арапското Море. Во …

Во Индија пред циклон евакуирани 300.000 луѓе Read More »

Се судриле автомобил и товарен воз кај Велес


  Во средата, во 17 часот било пријавено дека на железнички премин од пругата Велес-Битола кај поранешната фабрика „Киро Ќучук“ во Велес се случила железничка незгода. Имено возот удрил во патничко возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Е.(48) од село Долно Јаболчиште. Товарниот воз бил управуван од Д.Н.(53) од село Лопате, кумановско. Железничкиот …

Се судриле автомобил и товарен воз кај Велес Read More »

Момче и маж се двајцата загинати во страшната несреќа во Кисела Вода


Момче на возраст од 21 година и 48-годишен маж загинаа во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 22 часот меѓу „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(21) од село Батинци, скопско и автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од …

Момче и маж се двајцата загинати во страшната несреќа во Кисела Вода Read More »