Еден загинат во сообраќајка кај Радовиш


Едно лице загина во сообраќајна несреќа помеѓу камион и автомобил на магистралниот пат Радовиш-Штип.
Полицијата соопшти дека во средата, во 15.35 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(52) од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(57) од Скопје. О
д здобиените повреди, возачот на патничкото возило И.М. починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.