Францускиот Сенат не и изгласаа поддршка на политиката на премиер Филип

Сенатот на Франција, во кој мнозинство има конзервативната опозиција, денеска не и изгласа поддршка на политиката на Владата на францускиот премиерот Едуар Филип, јавува дописникот на МИА.

Од вкупно 345 сенатори присутни на гласањето, „за“ поддршка гласаа само 71 сенатор, 93 беа „против“, а 181 беа „воздржани“.

Премиерот Филип пред изјаснувањето им се обрати на сенаторите не барајќи од нив „да се приклучат кон мнозинството“, туку само да „ги надминат политичките поделби“ и да ја одобрат политиката на Владата за вториот дел од мандатот на францускиот претседателот Емануел Макрон.

Барањето на Владата за изјаснување на сенаторите за владината политика се смета како нејзин тест за конзервативната опозиција, бидејќи согласно Членот 49-4 од Уставот на Франција, Сенатот не може да му изгласа недоверба на владиниот Кабинетот, туку тоа право го има само Националното собрание.

Денешното изјаснување на Сенатот уследи само еден ден по изгласувањето доверба на Владата во Националното собрание.