(Видео) Наезда на змии на југот на Србија


Во болницата во Лесковац, Србија, во моментот има три лица кои се на лекување поради каснување од змии отровници, јавуваат српските медиуми.

Според директорот на болницата, зголемен е бројот на интервенции поради каснувања од змии, односно вопоследните петнаесетина дена имале шест случаи, од кои три биле каснувања од змии отровници.

Според него, овие случаи се од периферијата на градот, во помалку населени места.

Апелира за внимателно шетање низ природа.

Постарите велат дека ова се случува поради обраснатоста со трева, но и поради долгиот дождовен период, по кој следи сонце. Препорачуваат оние кои шетаат да носат стап и да лупкаат по земјата за да ги предупредат змиите дека има некој, поради што тие бегаат.

И Здружението за заштита на влекачи и животни „Поскок“ објави дека интервенирале последните денови па ваделе змии и од автомобили, од скутети иво основни училишта.

https://www.facebook.com/1795513544008474/videos/911072099225418/

https://www.facebook.com/1795513544008474/videos/355145038437440/

https://www.facebook.com/1795513544008474/videos/346453312721236/

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2625407707685716&id=1795513544008474