Димитров – Соботка: Австрија останува силен поддржувач за почеток на преговорите


Европските интеграции на Северна Македонија и очекувањата од претстојниот Совет на ЕУ беа во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров со претседателот на Националниот Совет на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка,  кој престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти МНР, во текот на разговорот Димитров потенцираше дека принципиелната и континуирана …

Димитров – Соботка: Австрија останува силен поддржувач за почеток на преговорите Read More »

Шилегов официјално ги побара спомениците од „Скопје 2014“ за да ги дислоцира


Град Скопје поднел барање до Општина Центар за преземање на одржувањето и на сопственоста на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014″. Имајќи предвид дека станува збор за предизборен период, Советите ќе треба да донесат одлуки што ќе овозможат тоа законски да се реализира. – Од страна на Град Скопје поднесено е барање до Општина …

Шилегов официјално ги побара спомениците од „Скопје 2014“ за да ги дислоцира Read More »

Свекор обљубил 19-годишна снаа


Во средата,  во 15 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, 19-годишна жена од радовишко село пријавила дека во периодот од 26.02. до 02.03.2020 година во семејната куќа во прилепско село нејзиниот свекор (очув на нејзиниот сопруг), Т.Б.(67) извршил обљуба врз неа. Т.Б бил лишен од слобода и задржан во Одделението за внатрешни работи Прилеп …

Свекор обљубил 19-годишна снаа Read More »

Прв случај на Ковид-19 во Јужна Африка


Во Јужна Африка денеска е регистриран првиот пациент од новиот коронавирус, кој неодамна се вратил од Италија. – Националниот институт за заразни болести потврди дека пациентот за кого се сомневало дека е заразен со вирусот е позитивен на Ковид-19, соопшти јужноафриканското Министерство за здравство. Заразениот маж, заедно со сопругата подолг период престојувал во Италија, која …

Прв случај на Ковид-19 во Јужна Африка Read More »

Во НП Маврово заловена втора женка рисица за оваа сезона


Македонското еколошко друштво (МЕД) со Националниот парк „Маврово“, на 24 февруари со помош на кафез-замка заловија нова единка балкански рис на планината Бистра во близина на селото Ростуше. Како што соопштуваат од Друштвото, се работи за рисица на возраст од шест до седум години, тешка 15 килограми, и е здрава и витална. Рисицата е крстена …

Во НП Маврово заловена втора женка рисица за оваа сезона Read More »

Автобусот на „Дурмо турс“ удрил со 10 пати поголема јачина од онаа што би ја поднела оградата


Во Кривичниот суд Скопје денешното рочиште за случајот „Ласкарци” започна со вкрстено испитување на градежниот вештак од страна на одбраната на обвинетите. Одбраната поставуваше прашања за брзината, аголот и силата што би ги поднела оградата за да го спречи автобусот да излета од патот. Вештакот потврди дека се утврдени неправилности при изготвувањето на тој дел …

Автобусот на „Дурмо турс“ удрил со 10 пати поголема јачина од онаа што би ја поднела оградата Read More »

Над 100 милиони евра отидоа, нефункционални апарати останаа низ болниците (1)


Акцелераторот за онколошки пациенти, кој стоеше во магацин, не може да се стави ниту во еден од постојните два слободни бункери. Сега ќе се купува нов Билјана Богдановска Вкупно 199 медицински апарати во 74 јавни здравствени установи добиле епитет „нефункционални“ во април 2015 година, кога тогашното Министерство за здравство пратило информација до Владата за состојбата …

Над 100 милиони евра отидоа, нефункционални апарати останаа низ болниците (1) Read More »

Конгресот на САД одобри 8,3 милијарди долари итна помош за борба со коронавирусот


Конгресните лидери во Претставничкиот дом од двете партии денеска склучија договор да одобрат 8,3 милијарди долари итна помош за борба со коронавирусот, објави „Њујорк тајмс“. Претставничкиот дом планира гласање на помошта денеска попладне. Надпартискот пакет мерки за борба со коронавирусот е во износ од 7,8 милијарди долари и е наменет за државните институции и агенции …

Конгресот на САД одобри 8,3 милијарди долари итна помош за борба со коронавирусот Read More »

Столтенберг во Загреб: Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција со претседателот Зоран Милановиќ денеска во Загреб објави дека Северна Македонија ќе стане членка на Северноатлантската алијанса за неколку недели. Тој и се заблагодари на Хрватска за поддршката на нејзината политика на отворени врати. – Го поздравуваме фактот дека Хрватска е силен поборник за политика на отворени …

Столтенберг во Загреб: Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО Read More »

Ангеловска: Буџетот е во одлична кондиција, подготвени сме да се справиме со евентуален шок поради коронавирусот


Има фискален простор за да се справиме со евентуален потенцијален економски шок што би можел да настане поради коронавирусот. Во позиција сме да реагираме во секој поглед. Буџетот е во одлична кондиција, одлична е и реализацијата на приходната страна, а раст има и кај сите даноци, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска во вечерашната „Топ …

Ангеловска: Буџетот е во одлична кондиција, подготвени сме да се справиме со евентуален шок поради коронавирусот Read More »

Најмногу дожд во Демир Капија, најмалку во Битола


Во изминатите девет часа најмногу дожд, 29 литри на метар квадратен, наврнале во Демир Капија, а најмалку, еден литар, во Битола. Како што информира УХМР, до 16 часот наврнале 25 литри на единица површина во Крива Паланка, 22 во Гевгелија, 21 во Штип, 14 во Ѓуриште, 11 во Струмица, девет во Берово, осум во Виница, …

Најмногу дожд во Демир Капија, најмалку во Битола Read More »

Димитров – Христодулидес: Развојот на билатералните односи ќе почне со бизнис и економските врски


Главна причина за мојата посета е да пренесам силна политичка порака од земја членка на ЕУ за европската перспектива на Северна Македонија. Земјата направи навистина сериозни напори за напредок на реформската агенда и исполнување на критериумите и сега на ред е ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Кипар Никос Христодулидес на прес-конференција по средбата …

Димитров – Христодулидес: Развојот на билатералните односи ќе почне со бизнис и економските врски Read More »

Условна казна затвор од шест месеци за уредникот на „Инфомакс“


Условна казна затвор од шест месеци, доби уредникот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски, а пресудата беше изречена денеска во Основниот кривичен суд во Скопје. Казната нема да се изврши ако Митовски во наредните две години не стори кривично дело. Обвинителниот предлог за Митовски беше поднесен во септември лани за делото оддавање службена тајна откако тој …

Условна казна затвор од шест месеци за уредникот на „Инфомакс“ Read More »

ЕК: „Фронтекс“ да преземе операции за брзо враќање на мигранти без право на престој во Грција


Европската комисија претстави денеска неколку предлози за справување со кризата на грчко-турската граница. Се предвидува тие предлози да бидат разгледани во текот на денот на седница на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи. ЕК предлага Фронтекс да преземе операции за брзо враќање од Грција на мигрантите кои немаат право на престој во таа …

ЕК: „Фронтекс“ да преземе операции за брзо враќање на мигранти без право на престој во Грција Read More »

Еден милион евра за истражувачко новинарство во Европа


Фондот „Истражувачко новинарство за Европа“ (ИЈ4ЕУ)  во 2020 година ќе додели еден милион евра за прекугранични проекти на истражувачкото новинарство во земјите членки на ЕУ и земјите кандидати, објавија денеска организациите кои управуваат со Фондот. Фондот ИЈ4ЕУ, кој е првпат претставен во 2018 година, има цел да ја зајакне улогата на „заштитник“ на истражувачкото новинарство …

Еден милион евра за истражувачко новинарство во Европа Read More »

Шилегов: Градскиот инспекторат со рекордни резултати во 2019 година


Постапувањето на комуналната инспекција по барања на граѓани е зголемено за 134 проценти, односно од 82 барања во 2018 година на 192 барања во 2019 година. За 237 отсто е зголемен контролниот инспекциски надзор на комуналните инспектори (во 2018 година – 92, а во 2019 година – 310 контролни надзори). Во 2019 година се изречени …

Шилегов: Градскиот инспекторат со рекордни резултати во 2019 година Read More »

Тимерманс: Без Грета Тунберг немаше да имаме Европски зелен пакт


Потпретседателот на Европската Комисија задолжен за климата, Франс Тимерманс, и се заблагодари на климатската активистка Грета Тунберг, која денеска присуствуваше на неделниот состанок на еврокомесари, јави дописничката на МИА од Брисел. -Без нејзиното движење најверојатно немаше да го имаме Зелениот пакт, изјави Тимерманс. Европскиот зелен пакт е врвниот приоритет на мандатот на оваа Европска Комисија, …

Тимерманс: Без Грета Тунберг немаше да имаме Европски зелен пакт Read More »

Службеник на ЕУ заразен со корона вирус, откажани сите состаноци


Службеник вработен во администрацијата во Брисел е позитивен на коронавирус, потврди денеска портпаролката на Европската комисија Дана Спинант. „Имаме потврден случај“, рече Спинант, пренесоа медиумите. Се работи за маж кој е вработен во Европската одбранбена агенција, а кој неодамна патувал во Италија. Европската одбранбена агенција ги откажа сите состаноци до средината на март, затоа што …

Службеник на ЕУ заразен со корона вирус, откажани сите состаноци Read More »

Потврден деветти случај на коронавирус во Грција


Грчки државјанин, кој патувал во Израел и Египет, е деветтиот потврден случај на новиот коронавирус во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Професорот Сотирис Циодрас, кој е претставник за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, соопшти дека лицето е хоспитализирано во изолација, во болницата во грчкиот град Патра, а во тек е детално …

Потврден деветти случај на коронавирус во Грција Read More »

Спасовски со групата „Пријатели на проширувањето“: Создадени се сите услови да се поправи стратешката грешка од октомври


Посетата на министрите од земјите членки на ЕУ од групата  „Пријатели на проширувањето“, според премиерот Оливер Спасовски, е израз на голема поддршка и силно пријателство на Северна Македонија со земјите претставени во групата, како и со сите други земји членки на Унијата и доаѓа во моменти кога нашата земја станува членка на НАТО и кога …

Спасовски со групата „Пријатели на проширувањето“: Создадени се сите услови да се поправи стратешката грешка од октомври Read More »