Конгресот на САД одобри 8,3 милијарди долари итна помош за борба со коронавирусот


Конгресните лидери во Претставничкиот дом од двете партии денеска склучија договор да одобрат 8,3 милијарди долари итна помош за борба со коронавирусот, објави „Њујорк тајмс“.

Претставничкиот дом планира гласање на помошта денеска попладне.
Надпартискот пакет мерки за борба со коронавирусот е во износ од 7,8 милијарди долари и е наменет за државните институции и агенции кои се задолжени за сузбивање на вирусот.

Пакетот беше одобрен после интензивни дискусии во Конгресот и е неколкупати поголем од сумата што Белата куќа ја побара при крајот на февруари.

Мерките предвидуваат и пари за здравствените установи да одат во домашна посета на постарите и болни пациенти кои се од групата со висок ризик на лица кои можат полесно да заболат од вирусот.

Сенатот треба брзо да ги одобри мерките и да го прати на потпишување во Белата куќа.

На прес конференција претходно, претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека тој ќе „потроши толку колку што е потребно за борба со епидемијата“.