Грција „во војна со невидлив непријател“, од денеска затворени продавниците


Со исклучок на супермаркетите, аптеките, бензинските пумпи, банките, пекарите, продавниците за миленичиња, месарниците, трафиките, доставата на храна, сервисите за поправка на автомобили, сите други останати продавници во Грција, од денеска ставаат клуч на врата и влегуваат на листата превентивни мерки на грчката Влада за да се спречи ширењето на коронавирусот, јави дописничката на МИА од …

Грција „во војна со невидлив непријател“, од денеска затворени продавниците Read More »

Тачи предложи вонредна состојба во Косово, владата е против


Претседателот на Косово Хашим Тачи најави синоќа, на вонредна прес конференција, дека ќе му предложи на Собранието да донесе одлука за прогласување вонредна состојба во државата поради ситуацијата со ширењето на епидемијата на смртоносниот вирус Ковид-19, меѓутоа овој предлог веднаш беше отфрлен од владата на Албин Курти. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, …

Тачи предложи вонредна состојба во Косово, владата е против Read More »

Државава за помалку од 24 часа ја напуштиле 1.331 граѓанин


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, доцна синоќа на својот Фејсбук профил објави дека и покрај апелите да не се патува, од завчера до вчера утро, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1.331. – Не сакам да навлегувам во мотивите. Можеби сите овие патувања биле нужни. Но, чувствувам должност да предупредам на алармантната …

Државава за помалку од 24 часа ја напуштиле 1.331 граѓанин Read More »

Помпео: Неколкумина вработени во Стејт департментот се заразени со Ковид-19


Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека само неколкумина претставници на Стејт департментот ширум светот се позитивни на новиот коронавирус. – Имаме само неколку вработени, можат да се избројат на прстите на една рака, кои се позитивни на коронавирусот., посочи Помпео. Но тој не прецизира колкав е нивниот број, каде се наоѓаат и дали се …

Помпео: Неколкумина вработени во Стејт департментот се заразени со Ковид-19 Read More »

Швајцарија стравува од колапс на здравството


Швајцарскиот здравствен систем би можел да доживее колапс до крајот на месецот, ако новиот коронавирус продолжи да се шири со моменталната брзина, изјави претсатвникот на швајцарската Влада, Даниел Кох. – Луѓето кои денеска се заразија ќе не контактираат дури за 10 дена. Мораме да бидеме сигурни дека растот на вирусот ќе забави уште денеска, бидејќи …

Швајцарија стравува од колапс на здравството Read More »

(Во живо) Прес на министерот Филипче, откако бројката на заболени се искачи на 31


Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска, во 19 часот, ќе одржи прес-конференција, откако беа регистрирани уште пет случаи на заболени со Ковид-19, од кои двајца доктори и две медицински сестри од Дебар, град во кризна состојба веќе неколку дена.

Владата разгледува можност ако некој излезе од државата да не се враќа три месеци


Владата на Република Северна Македонија на денешната 21 седница, го разгледа и го усвои Записникот од Вториот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 17 март 2020 година и заклучи истиот да се достави до сите надлежни институции, со …

Владата разгледува можност ако некој излезе од државата да не се враќа три месеци Read More »

Нови пет заболени, бројката се искачи на 31, меѓу нив доктори и сестри од Дебар


Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот. Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, напиша министерот за здравство Венко Филипче …

Нови пет заболени, бројката се искачи на 31, меѓу нив доктори и сестри од Дебар Read More »

ИВЗ одлучи, нема организирани молитви во џамиите


– Како превенција од ширење на вирусот Ковид-19, низ сите џамии во државата нема да се одржуваат организирано намаз молитвите, информира на прес-конференција претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман еф. Реџепи. Тој, исто така, наведе дека организирано нема да се одржи ниту петочната молитва. – Муезините се обврзани да одржат езанот (повикот за молитва) …

ИВЗ одлучи, нема организирани молитви во џамиите Read More »

Во Албанија бројот на заразени со коронавирус се зголеми на 55 лица


Со потврдените четири нови случаи со корона вирус, во Албанија бројот на заразени со овој опасен вирус се зголеми на 55 лица. -Во последните 24 часа, тестирани се 42 сомнителни лица, меѓу нив и здравствени работници, од кои се потврдени 4 нови случаи на „Ковид -19“. До денес тестирани се 605 сомнителни случаи и потврдени …

Во Албанија бројот на заразени со коронавирус се зголеми на 55 лица Read More »

Ако продолжат верските собири Филипче ќе предложи нивна забрана


Погребите да се прават во кругот на семејството, да не се посетуваат бањско климатски лекувалишта, домовите за стари лица да го намалат бројот на нови лица за згрижување, граѓаните да не ангажираат мајстори за реновирање, апелираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче повторувајќи ја препораката за избегнување места со поголем број луѓе како …

Ако продолжат верските собири Филипче ќе предложи нивна забрана Read More »

Димитров: Веројатно дигитален ќе биде состанокот за влез во следната фаза на евроинтеграциите


Шефот на дипломатијата Никола Димитров во овие, како што рече, исклучително вонредни кризни околности не сака да дава прогнози за тоа дали ќе добиеме зелено светло за датум за почеток на преговори со Унијата, но напомена дека не гледа суштински пречки конечно да влеземе во следната фаза од евроинтеграциите. Тој денеска на заедничката прес-конференција со …

Димитров: Веројатно дигитален ќе биде состанокот за влез во следната фаза на евроинтеграциите Read More »

МВР: Од утре изменето работно време на отсеците за управни работи


Во насока на почитување на заклучоците, мерките и препораките на Владата, а со цел превенција од ширење на коронавирусот, Отсеците за управни работи и Одделението за управни работи Скопје во состав на Одделот за граѓански работи при МВР, започнувајќи од утре, среда ( 18 март.) ќе работат со изменето работно време. Како што соопшти МВР, …

МВР: Од утре изменето работно време на отсеците за управни работи Read More »

Филипче: Пикот за околу месец дена, се очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19


Министерот за здравство Венко Филипче очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19 и за месец дена да биде пикот на болеста, но не препорачува граѓаните тоа да го сфатат здраво за готово бидејќи се базира на претпоставки. -Секоја вироза има пик по што се намалува бројот на заболени. Тешко е да …

Филипче: Пикот за околу месец дена, се очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19 Read More »

Филипче: Подготвени сме да ги примиме сите пациенти, групен карантин за 200 патници


Вкупно има 26 пациенти заболени од корона вирус, од кои 17 во Скопје, а 9 во Дебар, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Од новите случаи, еден од пациентите е сместен на Инфективната клиника во Скопје, а другите се уште дома, но во текот на денот ќе бидат донесени на Инфективна. Дополнително …

Филипче: Подготвени сме да ги примиме сите пациенти, групен карантин за 200 патници Read More »

Литургии на отворено препорача Скопската епархија


Канцеларијата на Скопската православна епархија покрај веќе препорачаното од страна на Македонската православна црква-Охридска архиепископија за територијата на Скопската православна епархија, донесе повеќе мерки за заштита од корона вирусот. Парохиските свештеници треба да прекинат со водосвети по домовите, а традиционалниот водосвет во пресрет на празникот Велигден, за оваа година да се помести по Светлата недела, Светата …

Литургии на отворено препорача Скопската епархија Read More »

Спасовски до ЕУ: Не одложувајте го проширувањето!


Претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска учествуваше на видео конференцијата на Самитот за Западен Балкан 2020, под покровителство на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц. На видео конференцијата учествуваа премиерите од земјите на …

Спасовски до ЕУ: Не одложувајте го проширувањето! Read More »

Шпанија го мина психолошкиот праг од над 10 илјади заразени, речиси 500 смртни случаи


Во Шпанија се регистрирани повеќе од 10 илјади случаи на заболени од новиот коронавирус, соопшти шефот на здравствената служба Фернандо Симон. Во Шпанија за едно деноноќие се регистрирани 1337 случаи, и сега бројот на заболени во таа земја изнесува 11.279 и 497 починати. Само во изминатите 24 часа починале 155 лица. Шпанските власти информираа дека …

Шпанија го мина психолошкиот праг од над 10 илјади заразени, речиси 500 смртни случаи Read More »

Шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО


Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата. -Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката …

Шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО Read More »