Нови пет заболени, бројката се искачи на 31, меѓу нив доктори и сестри од Дебар


Фото: Б. Грданоски

Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.